Крива куќичка

здание во Сопот, Полска

Крива куќичка (полски: Krzywy Domek) — постмодерно здание со неправилен облик во приморскиот град Сопот, северна Полска.[1] Иградено е во 2004 г. како дел од трговскиот центар „Резидент“ (Rezydent) и зафаќа околу 4.000 м2.

Кривата куќичка

Дело е на ателјето „Шотињсци и Залески“ (Szotyńscy & Zaleski) кои идејата ја добиле од цртежите на илустраторите Јан Марќин Шанцер и Пер Далберг. Има два влеза: од ул. Монте Касино и од ул. Морска.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Портал на Кривата куќичка“. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. (англиски)
  2. „Портал „Животот во Гдањск". (англиски)


54°26′38.91″N 18°34′0.3″E / 54.4441417° СГШ; 18.566750° ИГД / 54.4441417; 18.566750