Кременските Езераледничка езерска група во планината Пирин, Пиринскиот дел на Македонија, Бугарија составена од две поголеми и две помали езера сместени во тесен, но истакнат цирк со исто име. Тие се опкружени со врвовите Сиврија и Џано и Кременската кота која завршува со врвот Кременски.[1]

  • Горното Кременско езеро се наоѓа на 2.352 м надморска височина. Неговата големина е 335x270 м што е површина од 66,1 декар. Длабочина е 13,6 м и има значителна количина на вода која се проценува на 478.000 м³.
  • Долното Кременско езеро со 2.304 м е најголемо во оваа група езера и второ по големина во Пиринско после Поповото Езеро. Неговата површина е 98 декари. Длабоко е 27 м што го прави третопласиран во планината. Има издолжен облик (500x275 м) и количината на вода е 1.000.000 м³.
Кременските Езера гледани од врвот Џано.
Слика од две од езерата.

Наводи

уреди
Цитати
  1. „Пирин. Речник и пътеводител“, Даутов, Николай, 2008, стр. 78
Книги
  • Душков, Д., Г.Петрушев и Т.Ковачки, Пирин пътеводител, Софија 1988 година, стр. 114.
  • Мичев, Николай; Михайлов, Цветко; Вапцаров, Иван; Кираджиев, Светлин (1980). Географски речник на България [Географски речник на Бугарија] (бугарски). Софија: Наука и култура. стр. 267-268.