Декалог 6
„Декалог 6“ (полски: Dekalog, sześć) или „Краток филм за љубовта“ (полски: Krótki film o milosci) — полски телевизиски филм од 1988 година, во режија на Кшиштоф Кишловски (Krzysztof Kieślowski), кој е и автор на сценариото, заедно со Кшиштоф Пјесјевич (Krzysztof Piesiewicz). Филмот е четвртиот дел од десетте едночасовни филмови на Кишловски, инспирирани од десетте божји заповеди. Главните улоги ги играат: Гражина Шаполовска (Grażyna Szapołowska), Олаф Лубашенко (Olaf Lubaszenko), Стефанија Ивинска (Stefania Iwińska), Станислав Гавлика (Stanisław Gawlika), Пјотр Махалица (Piotr Machalica) и Артур Барциш (Artur Barciś).[1] [2]
Содржина
уредиТомек е младо момче кое работи во поштата. Тој е опседнат со убавата Магда која живее во зградата отспротива. Еднаш, тој ѝ признава дека тајно ја набљудува со телескоп. По почетното исмејување, Магда сепак ја прифаќа неговата понуда да излезат заедно. Потоа, таа го кани во својот стан и му дозволува да ја милува, убедувајќи го дека не постои љубов, туку дека сè се сведува на половите односи. Томек доживува предвремена ејакулација и од срам бега дома, каде се обидува да изврши самоубиство, сечејќи ги вените. Кога дознава за несреќата на Томек, Магда сфаќа дека тој навистина ја сака и настојува да го види. Најпосле, го здогледува во поштата, а тој ѝ кажува дека повеќе не ја набљудува ноќе.