Крастава година е збирка сатирични и хумористични раскази, напишана од македонскиот писател Бошко Смаќоски. За првпат, збирката е објавена во 1972 година, во издание на НИК “Наша книга” - Скопје, во рамките на библиотеката “Врвици”.

Технички одлики

уреди

Книгата е отпечатена во 1972 година, во печатницата “Наша Книга”, во тираж од 3 000 примероци. Коректурата била извршена од Нада Ќорвезироска. Книгата има 99 страници. Нејзиното објавување било финансиски помогнато од Републичкиот фонд за унапредување на издавачката дејност во СРМ.[1]

Содржина

уреди

Основната тема на збирката е животот во едно село во Македонија, во периодот по Втората светска војна. Во збирката се застапени раскази:[1]

  • Крастава година
  • Конференција
  • Аналфабети
  • Судење
  • Митана се мажи
  • Претседател
  • Овчари
  • Печалбар
  • Пане, шумарот и неговата жена
  • Костовица
  • Ударници
  • Митре цело село
  • Операција
  • Дамјан вдовецот
  • Поштарот
  • Родилен дом
  • Крај казанот

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Бошко Смаќоски, Крастава година, НИК “Наша книга”, Скопје, 1972.