Кралот и четирите кралици (филм од 1956)
„Кралот и четири кралици“ (англиски: The King and Four Queens) — американски филм од 1956 година, во режија на Раул Волш. Главните улоги ги толкуваат: Клерк Гебл, Еленор Паркер, Жан Вилес и Сара Шејн.
Синопсис
уредиКаубојот Ден Кехоу доаѓа во еден град при што дознава дека на некој ранч надвор од градот е скриено богатство кое го чува една вдовица со своите четири снаи. Инаку, четирите жени веројатно се вдовици, зашто пред две години нивните мажи заминале за да учествуваат во некој грабеж и повеќе не се вратиле. Свекрвата го чува богатството и не им кажува на снаите каде се наоѓа тоа. Патем, таа ги чува и нив, со надеж дека еден ден, барем еден од нејзините синови ќе се врати дома. Меѓутоа, на ранчот се појавува Ден, кој го користи својот шарм за да ја стекне довербата на старицата, а притоа се труди да го пронајде скриеното богатство.[1]
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |