Кралица од Горјани

Кралицата од Горјан (хр. Godišnji proljetni ophod Kraljice ili Ljelje iz Gorjana) годишна прослава што се случува во селото Горјани, во Осијечко-барањската жупанија во Хрватска. Ова е народен обичај во кој девојките на пролет, на празникот на Духовден, во поворка поминуваат низ селото и изведува ритуал составен од специфични песни и танц со сабји. Овој танц на девојките, кој во традиционалната култура на северна Хрватска е поврзан со подвижниот празник Духовден, денес поради својата атрактивност почесто може да се види на сцена (како туристички манифестација) отколку во селските средини.[1]

Историја

уреди

Обичајот не потекнува од турскиот период, како што често се смета, туку од старите времиња со доаѓање на Словените на Балканскиот Полуостров. Улогата на кралиците и кралевите (девојки со украсени шапки на главаите како машки ознаки), чауши, знаменосци, деверуши и девери врзана е со свадбената тематика на овие поворки.

Се базира на митската приказна за небесните кралици и кралеви кои немаат никаква врска со земното царство. Љеља се смета за сопруга на словенскиот бог Перун, па Љеља и Љељо се сметаат за деца на богот Перун според хрватските верувања. Децата се изгубени и не знаат дека се на Перу. Во христијанската традиција, нивните имиња се променети во Јура и Мара. Обичајот најмногу се зачувал и најдолго трае во Ѓаково.

Обичајот им бил познат на Хрватите низ подрачјето кое го населувале во доцниот среден век. Така, на пример, Гундулиќ и Палмотиќ добро го познавале овој обичај и го споредувале со Амор и Купидон.

Иако значењето и изворот на овој ритуал не се сосем познати, селаните го сметаат за симбол на селото Горјани и преку овој обичај сакаат да ја покажат убавината и отменоста на нивните млади жители.

Опис на културното добро

уреди

Според содржината на нивните песни, учесниците на овој настан се девојки, кои формираат духовни поворки, кои во Горјани се нарекуваат и Љељи. Во оваа поворка нејзините учесници се делат на:

  • десет кралеви, носејќи сабји и машки шапки на главите украсени со цвеќиња,
  • пет кралици, кои на главите,како млади невести, носат бели венчиња.

Улогите на кралици и кралеви (девојки со украсени шапки на главите како ознаки за машкиот род), додека чауши, знаменосцит, деверуши и девери ја откриваат свадбената тема на овие поворки.

Така поделени во две групи и облечени во свечени народни носии, учесниците на Љеља посетуваат одреден број на куќи во селото Горјан. Во минатото кралицата редовно ја придружувале гајдаџии, а во поново време и тамбураши.[2]

За време на овој ритуал од поширокиот репертоар на кралски текстови тие ги избираат песните според семејството кое го посетуваат; најчесто и пејат на девојка, момче или млада невеста. Потоа кралевите изведуваат танц со сабји, а кралиците со песна ги имитираат танцовите фигури. Потоа следи народниот танц во придружба на музика, на кој може да се придружат и домашните. Откако домаќините ќе ги почестат со храна и пијалок, поворката оди во друга куќа.

Вториот ден на Духовден кралиците заминуваат во соседното село или блиското гратче. На крајот манифестацијата завршува со заедничка гозба и забава кај еден од учесниците.

Целата заедница, вклучувајќи го и основното училиште, црквата и многу градски семејствата, помагаат во подготовка за поворката, со тоа што се гордеат со сите жени кои учествувале.[3]

Заштита

уреди

Годишната пролетна поворка на кралицата во Горјани, славонска кралица или Љеља, како народен обичај е запишана во 1966 година хрватското културно наследство. Како нематеријално светско наследство познато е во 2007 година, а на списокот на УНЕСКО за нематеријално светско наследство во Европа запишана е во 2009 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Vitez, dr. sc. Zorica. „Godišnji proljetni ophod Kraljice ili Ljelje iz Gorjana“ (PDF). Ministarstvo kultrure R. Hrvatske. Посетено на 2 мај 2021.
  2. „Culturenet.hr - Mačevni plesovi“. www.culturenet.hr. Посетено на 2021-05-03.
  3. „UNESCO - Spring procession of Ljelje/Kraljice (queens) from Gorjani“. ich.unesco.org (англиски). Посетено на 2021-05-03.

Надворешни врски

уреди