Крадачката на книги (филм)

филм

Крадачката на книги (англиски: The Book Thief) е американски филм од 2013 година, во режија на Брајан Персивал. Главните улоги ги толкуваат: Џефри Раш, Емили Вотсон и Софи Нелис. Филмот е снимен според истоимената книга.

Содржина

уреди

Лизел е храбра девојка, испратена во Германија, каде живее во семејство кое ја посвојува за време на Втората светска војна. Таа учи да чита со помош на своето ново семејство, а во тоа ѝ помага и Макс, еврејски бегалец кого го наоѓаат како се крие под скалите.[1]

Наводи

уреди
  1. Антена, број 867, 6.2.2015, стр. 17.