Коџа Мустафа-паша
Koџa Мустафа-паша (умрел 1512 г.) бил отомански државник. Бил голем везир на Османлиското Царство од 1511 до 1512 година.[1] Тој бил Грк (Рум), а не девширме.[2]
Коџа Мустафa-паша | |
---|---|
23. голем везир на Отоманското Царство | |
На должноста 1511–1512 | |
Монарх | Бајазит II |
Претходник | Ахмед-паша Херцеговиќ |
Наследник | Ахмед-паша Херцеговиќ |
Лични податоци | |
Роден(а) | Непознат |
Починал(а) | 1512 Бурса, Отоманско Царство |
Националност | отоманска |
Вероисповед | Ислам |
Народност | Турчин |
Живот
уредиЈа започнал својата кариера како капиџибаши (kapıcıbaşı), или главен вратар на Топкапи палатата: тука тој ја извршувал функцијата на „церемонијал мајстор“ на приемите на странски амбасадори. Бил назначен за голем везир кон крајот на владеењето на Бајазит Втори и бил погубен во 1512 година.[3] Во Истанбул, тој дозволил две византиски цркви да бидат преобразени во џамии, па двете биле именувани по него, односно Коџa Мустафа-пашината џамија и Атик Мустафа-пашината Џамија.[4][5]