Кој го украде златниот мачор?
„Кој го украде златниот мачор?“ (италијански: Chi ha rubato il gatto d'oro) — роман за деца, дело на италијанските писатели Алесандро Гати и Давиде Моросиното и на илустраторот Стефано Туркони. Книгата е петти дел од серијалот „Мачки детективи“, а првобитно била објавена во 2013 година од издавачката куќа „Edizioni Piemme“ S.p.A.[1]
Изданија на македонски јазик
уредиКнигата е издадена на македонски јазик во 2015 година од Арс ламина - публикации, како дел од едицијата „Бестселери за деца“. Преводот од италијански јазик го извршила Анета Симовска. Лектурата е дело на Јасмина Ѓоргиева, а техничкото уредување е направено во Арс Ламина - публикации. Книгата е отпечатена во печатницата „Бранко Гапо - графичко производство“ од Скопје, во тираж од илјада примероци. Таа има 120 страници, со формат од 12 x 20 сантиметри, каталогизирана е во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-229-939-6 (едицијата) и ISBN 978-608-229-929-7 (книгата).[2]
Содржина
уредиКнигата има десет глави:[3]
- Најмеките перници во Париз
- Исчезнувањето на златниот мачор
- Мустаќот на кралицата
- Тајната на Одета
- Марсејци за спасување
- Мистериозниот мачор
- Внимавај, Додо!
- Фатен на дело
- Кошмарен лајач
- Виновникот е секогаш...