Битолски партизански одред „Јане Сандански“

Битолскиот Народноослободителен Партизански Одред „Јане Сандански“ (формиран кај с. Лавци, Битолско, на 8 септември 1942[1] - дејствувал до крајот на март 1943) бил воена единица на НОВ и ПОМ. Бил наречуван и Народноослободителна партизанска чета.

Битолскиот Народноослободителен Партизански Одред „Јане Сандански“

Одредот извршил напад на железничката станица СрпциБеранци (15 ноември 1942). Зимата 1942/43, поделен по групи, одржувал политички митинзи по битолските села. Кон средината на март 1943 година влегол во состав на Битолско-преспанскиот НОПО „Даме Груев“. Во април, поради засилените дејства на бугарските и италијанските сили, здружениот одред се префрлил на костурско-леринското подрачје. Потоа одредот пак се вратил во Битолско, со зголемен прилив на нови борци, а од издвоените борци од Битолско бил формиран новиот Битолски НОПО „Гоце Делчев“.[2][3]

Наредната година, на 4 септември 1944 година, повторно бил формиран истоимен одред кој дејствувал долж патот Ресен–Битола во составот на 49. Дивизија на НОВЈ.

Наводи уреди

  1. Владо Стрезовски, Ѓорѓи Димовски - Ласков, „7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВЈ“, Битола, 1987, 33 стр.
  2. „Битолските народноослободителни партизански одреди“, Битола, 1982;
  3. „Македонија од устанка до слободе 1941–1945“. (Зборник радова), Београд, 1987.