Коцел[1]невестински украс за на глава, направен од природна коса, од волна или од козина. Претставувал продолжение на плетенките на невестата или пак се закачувал за горната невестинска облека. Во Мариово се одликувал со својата тежина, масивност и специфичен начин на носење.[2]

Наводи

уреди
  1. „коцел“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 748. ISBN 978-608-203-023-4.