Костохондритис (Costochondritis) е инфламаторно заболување на 'рскавицата која што го спојува реброто со градната коска т.е костостерналниот зглоб.

Костохондритис
СпецијалностРевматологија Уреди на Википодатоците

Етиологија уреди

Точната етиологија на заболувањето не е позната. Можни причини за воспаление на костостерналните зглобови се: физичка траума (пр. вежбање со големи тежини), интензивна кашлица, анкилозирачки спондилитис, ревматоиден артритис, тумор и др.

Симптоми уреди

Градна болка, која што се потенцира со кашлање, длабоко вдишување и физичка активност. На палпација се јавува болна осетливост на страната од афектираниот костостернален зглоб. Најчесто се јавува кај жени од 20 - 40 годишна возраст. Најчесто е зафатена левата страна на трети, четврти и петти костостернален зглоб.

Третман уреди

Третманот е насочен кон намалување и остранување на градната болка, која често е возмемирувачка, бидејќи е слична со болката при миокарден инфаркт. Доколку е интензивна го спречува болниот во секојдневните активности. Најчесто се употребуваат: НСАИЛ, Acetaminophen, опоидни аналгетици при интензивна болка, вежби за истегнување, кортикостероидни инјекции, хируршки третман.