Косовски заштитен корпус

Косовски заштитен корпус или скратено КЗК (албански: Trupat e Mbrojtjës së Kosovës - TMK) — наследничка организација на терористичката ОВК во Косово. Единицата била формирана од КФОР во 1999 година. КЗК имаше околу 5.000 припадници. Според замислата на западот, КЗК требало да помогне во деминирање и обновување на инфраструктурата на Косово, но исто така да го заштити населението. Целта на западот беше компромис за разформиранњето на терористичката ОВК, да се одстранат радикалните елементи и да служи како почесна верзија на ОВК. Брзо доаѓаа сомнежи за угледот на КЗК. Според некои извори, голем дел од припадниците на КЗК имаат учествувано во разни ликвидации, киднапирања и криминал.[1][2].

Косовски заштитен корпус (КЗК)
(Trupat e Mbrojtjës së Kosovës)
Учесник во Косовска војна (1999)
Воен конфликт во Македонија (2001)
Период на делување1999 - 2009 официјално
ВодачиАгим Чеку (1999 - 2006)
Сулејман Селими (2006 - 2009)
СедиштеПриштина, Република Косово
Подрачје на делувањеКосово, Северозападна Македонија & Северна Македонија
Бројносток. 5.000
ПретходникОслободителна војска на Косово
СтаналаОфицијално разформирана, денес дел од безбедносните сили на Република Косово
СојузнициАлбанија, ОВК
ПротивнициСрбија, Македонија
Битки и војниБитка кај Радуша, 2001

Во текот на војната во Македонија во 2001 година, од Косово, околу 600 до 700 припадници на КЗК упаднаа на македонската територија во Битката за Радуша, која важи за најжестоката битка во целата војна 2001 година. Тогаш за првпат АРМ го употреби Сухои Су-25 за да ги извлечат македонските бранители кои броеаа околу 30-тина полицајци. Бројот на загинатите терористи на КЗК бил наводно огромен, според руски извори имало најмалце 100-тина загинати терористи во борбите.[3] Постојат и претпоставки дека загубите се уште поголеми.

Тогашното Косово беше протекторат на Обединетите нации, што би значело дека Македонија е нападната фактички од нив. Токму поради таа агресија од Косово, Македонија не прогласи воена состојба.[4]

Во 2009 година КЗК е разформирана, а голем дел од припадниците се денес дел од безбедносните сили на Република Косово.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. The United Nations & regional security: Europe and beyond by Michael Charles Pugh, Waheguru Pal Singh Sidhu, 2003, ISBN 1588262324, page 126
  2. The Fight Against Terrorism and Crisis Management in the Western Balkans by Iztok Prezelj, 2008, ISBN 1586038230, page 49-50
  3. „Боевые действия в районе Радуши (09 - 12.08.2001)“. ArtOfWar.ru. 2014. Посетено на 2016-07-09.
  4. „Агресија врз Македонија“. Стар Вест. 13 август 2001. Архивирано од изворникот на 2016-08-23. Посетено на 2016-07-09.