Корјо-мар
Корјо-мар (корејски: 고려말, руски: Корё мар), или уште познат и како Корјо-мал или Горјо-мар, е корејски дијалект кој го употребуваат Корјо-сарам, етничките Корејци во поранешниот Советски Сојуз. Потекнува од хамќонгскиот дијалект и од други варијанти на североисточниот корејски јазик.[1] Корјо-сарам често искажуваат препреки во разбирање на стандардниот корејски јазик, што станува полошо со оглед на големиот број Корјо-сарам кои го сметаат рускиот, а не корејскиот за мајчин јазик.[2]
Корјо-мар не е често присутен во медиумите и не се изучува во училиштата. Поради ова, тој се смета за загрозен јазик.[3]
Наводи
уреди- ↑ Kwak, Chung-gu. „중앙아시아 고려말의 자료와 연구“ (PDF). Journal of Humanities. 58: 231–272.
- ↑ Khan, Valeriy Sergeevich. „Koreans and the Poly-ethnic Environment in Central Asia: The Experience of Eurasianism“ (PDF). Academy of Korean Studies Proceedings.
- ↑ Kim, German. „Education and Diasporic Language: The Case of Koreans in Kazakhstan“ (PDF). Acta Slavica Iaponica. 27: 103–127.