Hristofor Dimitar Nazov
Отец Христофор Димитар Назов е роден во Алексево во околината на Кукуш, во Егејска Македонија, на 9 септември 1881 година . Неговите родители, Димитар (Митрe) и Петра, имале три деца: Марика, која умира кога Христофор има три години, Катерина (Ката), и Христофор, најмладиот. Татко му Митре бил богат занаетчија – изработувал и продавал се од керамика, грчарството им била семејна професија од многу поколенија.
Родителите на Христофор биле длабоко религиозни луѓе. Својата голема набожност ја вкорениле и во срцата на своите деца, а нивниот единствен син подоцна ќе се одлучи да го следи Христовиот пат, посветувајќи Му се како свештеник. Митре, уште од раното детство на Христофор, останува сам да се грижи за своите деца бидејќи неговата жена Петра заминува млада во вечноста - кога Христофор имал дванаесет години. И покрај трагедијата, животот продолжува да тече. Митре не ги напушта своите деца, водејќи го успешно грнчарството со свои дуќани во Кукуш и во Солун, а Христофор го посетува народното училиште во родното Алексово и му помага на татко му во се.
Отец Христофор, покрај во Алексово се школувал во Кукуш, во Солун каде завршил богословски студии и во Парис каде дипломирал фармацевтика.
За свештеник е ракоположен од владиката Епифаниј Шанов на 31 мај 1909 година, во Зејтенлик.
На 24 септември 1909 година о. Христофор ја презема службата парох во Ениџе-Вардар (Пазар) во парохијата светите Петар и Павле .
Од есента 1910 година до 13 февруари 1912 година бил парох во Битола и Прилеп. каде што многу католици копнееле за овој душопастир.
Отец Христофор, бил вратен во Ениџе-Вардар, каде парохијата имала преку 1.000 католички семејства.
Од Ениџе Вардар е протеран од окупаторските грчки војски и од 1913 до 1916 година е парох во Богданци. Во времето на Првата светска војна од 1916 до 1918 е протеран вон границите на Македонија во Ниш.
После враќањето од прогонство е парох во Радово се до 1959 година, кога се повлекува. На 28 јуни1924 год. со декрет на крижевачкиот епископ д-р Дионизиј Њаради е основан деканатот Св. Кирил и Методиј во Македонија. За прв декан бил именуван о. Христофор Димитар Назов , на таа должност останал се до смртта 9 мај 1961 година , кога Бог го повикува во вечноста.
100 години Деканат светите. Кирил и Методиј
Со декрет на крижевскиот ординариј Н.В.П. д-р Дионизиј Њаради од 28 јуни 1924 година е основан деканатот Св. Кирил и Методиј во Македонија.
1.За прв декан бил именуван о. Христофор Димитров Назов, кој останал на таа должност се до својата смрт 1961 год . За оваа именување известено е Министерството за вера, а тоа со свој акт одговорило дека го прима именувањето до знаење и дека сите потчинети органи (локалните административни власти) се известени за тоа, да не би му правеле потешкотии на именуваниот .
2. Негов наследник oд 22 февруари 1962 година станал отец Атанасиј Иванов и бил декан до 11 април 1973 година, него од 1979 го (во книгата документ XIII стр.159 м.з.)
3. наследил отец Димитар Ташев и бил декан до 30 октомври 1994 година.
4. Деканската служба во изминатите година уште ја извршувале отец Горѓи Трајков, протоереј ставрофор од 16 септември 1995 до 17 декември 2002;
5. Отец Тома Ангелов, протоереј ставрофор од 17 декември 2002 до 01 декември 2014;
6. Актуелен декан е отец д-р Зоран И. Стојанов, протоереј ставрофор.