Корисник:Dentedeleone/1862 Аполон23333

1862 Аполон е каменест астероид, со дијаметар од околу 1,5 километар, класифициран како близуземско тело (БЗТ). Бил откриен од германскиот астроном Карл Рајнмут во опсерваторијата Хајделберг на 24 април 1932 година, но го изгубиле и не бил пронајден до 1973 година.

Тој е истоимен и00 прв признат член на Аполонските астероиди, подгрупа на БЗТ кои се земјопресекувачи, односно ја преминуваат орбитата на Земјата кога се гледаат нормално со еклиптичката рамнина (преминувањето орбита е поопшт термин од фактичкото пресекување). Исто така, бидејќи орбитата на Аполон е многу ексцентрична, таа ги преминува орбитите на Венера и Марс и затоа се нарекува и венеропресекувач и марсопресекувач.

Иако Аполон бил прв откриен Аполонски астероид, неговиот официјален IAU-број (1862) е поголем од бројот на некои други аполонски астероиди, како на пример 1566 Икар, поради фактот што бил изгубен астероид повеќе од 40 години, а другите тела во меѓувреме биле нумерирани. Анализата на неговата ротација понудила опсервациски доказ за ЈОРП ефектот .

Името го добил по грчкиот бог Аполон. Тој е бог на Сонцето, дете на Зевс и Лето, по што се именувани малите планети 5731 Зевс и 68 Лето.

Сателит

уреди

На 4 ноември 2005 година, било објавено дека со радарските набљудувања од опсерваторијата Аресибо во Порторико (вршени во периодот меѓу 29 октомври – 2 ноември 2005 година) била откриена астероидна месечина, или сателит на Аполон. Објавено било во Циркуларот на Меѓународната Астрономска Унија (IAUC) 8627.[1] Сателитот има дијаметар од само 80 метри и орбитира околу Аполон на растојание од само 3 километри.[2] Од површината на Аполон, S/2005 (1862) 1 би имал аголен дијаметар од околу 2,0835 степени.[lower-alpha 1]

Потенцијално опасно тело

уреди

1862 Аполон е потенцијално опасен астероид бидејќи неговото минимално растојание на пресекот на орбитата (MOID) е под 0,05 AЕ а неговиот дијаметар е поголем од 150 метри. Аполоновото минимално растојание на пресекот на орбитата со Земјата е 0,0257 АЕ (3.840.000 км). Неговата орбита е добро одредена за следните неколку стотици години. На 17 мај 2075 година ќе помине на 0,0083 АЕ (1.240.000 км) од Венера.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди

 

Надворешни врски

уреди

[[Категорија:Астрономски тела откриени во 1932 година]] [[Категорија:Астероиди од типот Q]] [[Категорија:Венеропресекувачи]] [[Категорија:Земјопресекувачи]] [[Категорија:Потенцијално опасни астероиди]] [[Категорија:Двојни астероиди]] [[Категорија:Астероиди наречени по ликови од старогрчката митологија]] [[Категорија:Откритија на Карл Вилхелм Рајнмут]] [[Категорија:Аполонски астероиди]]

  1. „IAU Circular No. 8627“. International Astronomical Union. Central Bureau for Astronomical Telegrams. Посетено на 8 December 2015.
  2. Johnston, Wm. Robert (November 16, 2014). „(1862) Apollo“. Johnston's Archive. Посетено на 8 December 2015.


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „lower-alpha“, но нема соодветна ознака <references group="lower-alpha"/>.