Штафелај
Штафелај[1][2] — триножник врз кој се става, се потпира слика за да може да се изработува;[3] под агол од околу 20° од вертикалата.[4] Штафелаите обично се користат од сликари за да ја потпрат сликата додека работат на неа, обично простум, а понекогаш се користат и за изложување на готови слики. Штафелаите обично се направени од дрво, алуминиум или челик, а функционалниот дизајн претрпел незначителни промени низ вековите.
Штафелајно сликарство[5] е поим користен во историјата на уметноста за слики од средна величина насликани на штафелај, за да се направи разлика од фрескосликарството, таблосликарството или друго дело насликано кога сликата се потпира на подот, мали слики (помали од 0,5 м.), или минијатурни творби. Не се однесува на начинот на приказ на сликата; најчесто штафелајните слики се врамуваат и се закачени на ѕид.
Етимологија
уредиЗборот штафелај е позајмен од германскиот јазик (Staffelei), а потекнува од германскиот архаизам за „скалило“.
Историја
уредиШтафелите се користат уште од времето на древните Египќани. Во 1 век, Плиниј Постариот споменува „големо пано“ поставено на штафелај.
Дизајн
уредиИма три основни дизајни за штафелаи:
- Троножен - статив со три ногалки. Има разни варијации: со вкрстени ногалки за да биде постабилен; и независен механизам што овозможува вертикално прилагодување на работната површина без да се загрози стабилноста на ногалките на штафелајот.
- Н-рамка се потпира врз прави агли. Сите столбови се паралелни меѓусебе, а основата на штафелајот е правоаголна. Главниот, преден дел на штафелајот се состои од две вертикални столпчиња со хоризонтална лента за потпирање, при што овој дизајн личи на буквата „Н“.
- Повеќенаменски дизајн со кој се подобруваат одредени одлики на троножниот и H-рамка дизајнот преку можности за прилагодување на работната површина како на пример: неограничено ротирање, хоризонтално и вертикално прилагодување на работната површина.
Наводи
уреди- ↑ „штафелај“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „штафелај“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Значење на штафелај“.
- ↑ Eldridge, Alison. „Art History: The Origins of 7 of Your Favorite Art Supplies“. Britannica.com. Encyclopædia Britannica, Inc. Посетено на 9 April 2021.
- ↑ „Значење на штафелаен“.