Корисник:Brest/Речник на македонскиот јазик

Вовед

уреди

Речникот е јавно богатство, како воздухот.

На изработка на толковниот речник на македонскиот јазик работи Институтот за македонски јазик, досега се изработени четири тома од предвидените шест. Хартиеното издание на Речникот чини околу 6.000 денари во книжарниците. Првиот том е објавен 2003 година. Институтот добива финансиска подршка од владини институции за работа на Речникот.

Овој проект треба да се гледа како можност за подршка на напорите кои ги прави пред се Институтот за македонски јазик како и другите научни и образовни институции и/или владини институции. Предуслов за успешност на проектот е вклучување на повеќе заинтересирани страни на индивидуално и институционално ниво.

Проектни цели

уреди
  • Развивање на програмски код за автоматизирање на процесите на формирање на речникот
  • Честота на зборови
  • Честота на знаци
  • Фрази
  • Формирање на различни видови на речници (толковен речник, обратен речник, правописен речник, синтаксичко-генеративен речник, интенцијално-синтаксички речник, речник на презимиња, речник на лични имиња, речник на топоними, ...) достапни на интернет

Бази на текстови на македонски јазик

уреди

Како бази на текстови кои ќе се анализираат може да се користат следниве извори:

  • Википедија на македонски јазик
  • Интернетски изданија на македонски весници и списанија (Утрински весник, Дневник, Вест, Вечер, Нова Македонија, ...)
  • Веб-страни на државни институции на централно и локално ниво, јавни служби
  • Електронски изданија на книги, бази на законска регулатива и сл.

Фази на проектот

уреди
  • Детално дефинирање на целите на проектот
  • Формирање тим кој ќе работи на развој и реализација на проектот
  • Интернетска достапност на речникот на вики-проектот Викиречник

Учество во проектот

уреди

Проектот е отворен. Учеството во проектот може да биде индивидуално или институционално. Секој субјект кој што смета дека може да даде свој придонес во проектот може да биде учесник во истиот. Добредојдени се:

  • Програмери кои ќе работат на развој на програмскиот код за подршка на работата на проектниот тим.
  • Стручни лица чија потесна специјалност е лингвистиката и проучување на македонскиот јазик.
  • Субјекти кои можат финансиски и материјално да го помогнат овој проект.

Надворешни врски

уреди

Новинарски статии

уреди
  • 2010.03.22, Толковниот речник постои сам за себе (Дневник)
  • 2006.03.18, Толковниот речник изгубен низ тендерски лавиринт (Дневник)
  • 2006.02.23, Промовиран вториот том на Толковниот речник на македонски јазик (А1 телевизија)