Корисник:Повик/ТестСтатија

Самарјаните се мешавина од Евреи и Асирци, коишто настанале на просторите на Старото Еврејско Царство. Асирците со Евреите се измешале по познатиот прогон на Евреите од Вавилон. Набукодоносор II дозволил во Палестина да остане еден број на селани и работници од родот на Евреите и со нив некои асирски племиња. Тие подоцна на местата на коишто живееле меѓусебно се измешале по пат на роднински врски заради обичаите и верските обреди. И ден денес постојат Самарјани, во мал број. Самарјаните верувале во духовно спасение од очекуваниот Месија или ветениот пратеник. По асирското освојување на Кралството на Израел во 722 г.п.н.е., Самарјаните не се отцепиле од јудаизмот сè до враќањето на Евреите од прогонството од Вавилон. Сепак, тие го избегнувале култот на Храмот во Ерусалим и се поклонувале на свое свето место на планината Геризим (Gerisim) во Сихем (денешен Наблус, Палестина), кое тврделе дека е вистинското свето место избрано од Бог (а не Ерусалим). Овие луѓе имаат своја верзија на Тората, што се разликува во многу делови од Тората на постегзодусните Евреи од Јудеја. Тие не ја признаваат денешната Тора што ја следат другите Евреи, туку имаат посебна Тора на нивен, самарјански, јазик. Таа се состои само од петте Мојсееви книги. Вавилонската армија на Набукодоносор (Nebuchadnezzar) го уништува Соломоновиот храм во 586 година п.н.е. Од особено значење за одржување на јудаизмот како посебна религија била изградбата на новиот храм во Ерусалим на почетокот на втората година на владеењето (522 - 486 година п.н.е.) на Дариј I од Персија, а истовремено помагајќи да се задржи јудаизмот како посебен ентитет. Овој втор храм имал значително помала возвишеност отколку оригиналниот Соломонов храм, иако тој наводно бил поголем, со ширина и висина од околу 90 стапки. Другите Евреи верувале дека нивната престолнина е Ерусалим, очекуваното место на кралот од Давидовиот род и нивниот спасител. Самарјаните го негирале тоа и верувале дека единствено тие се достојни во името на Израелците да ги преставуваат и дека водат дирекно потекло од Јаков.