Корен Абрахамијан
Ерменски актер
Корен Бабкенович Абрахамијан (ерменски: Խորեն Բաբկենի Աբրահամյան; Ереван, 1 април 1930 — Ереван, 10 декември 2004 година) бил ерменски глумец и режисер, народен уметник на Советскиот Сојуз.[1] Студирал на ереванскиот Институт за театарска и ликовна уметност и дипломирал во 1951 година. Од тогаш тој има работено во државниот академски театар Сандукијан во Ереван како глумец.[2][3]
Корен Абрахамијан | |
---|---|
Խորեն Աբրահամյան | |
Роден(а) | април 1, 1930 Ереван, Ерменија |
Починал(а) | декември 10, 2004 Ереван, Ерменија | (возр. 74)
Причина за смрт | срцев удар |
Занимање | глумец, режисер |
Некои од неговите филмови се: „Хроника на ереванските денови“, „Браќата Саројан“ (каде го глуми Геворг Абрахамијан), „Ние и нашите планини“, „Долг живот“, „Господарот“, а глумел и во советскиот филм „Прв ешалон“ во 1955 година.[4]
Корен Абрахамијан умрел на 10 декември 2004 година. Тој бил погребан на пантеонот Комитас, во центарот на Ереван.[5]
Наводи
уреди- ↑ Rollberg, P. Historical Dictionary of Russian and Soviet Cinema. стр. 25.
- ↑ „Khoren Abrahamyan (1930 - 2004) - Find A Grave Memorial“. Посетено на 10 август 2010.
- ↑ „Хорен Абрамян (Khoren Abrahamyan) - биография - Кино“. Посетено на 10 август 2010.
- ↑ „Khoren Abrahamyan would be 85 today - Culture - Panorama“. Посетено на 10 август 2010.
- ↑ Abrahamyan's memorial tombstone at Komitas Pantheon
Надворешни врски
уреди- Khoren Abrahamyan на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
(англиски)