Константин I (охридски архиепископ)
Константин бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот од 1160 до 1170 година[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.
Константин I | |
---|---|
Архиепископ од | 1160 |
Архиепископ до | 1170 |
Претходник | Јован IV |
Наследник | Адријан |
Роден | 12 век Византија |
Други архиепископи со име Константин |
За неговото дело денеска многу малку се знае. На охридскиот престол се качил по заминувањето на Јован IV, најверојатно во 1160 година, и на таа позиција се задржал најверојатно до 1170 година. Не е познато кога починал.
НаводиУреди
- ↑ Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.