Константин Преславски
Константин Преславски (бугарски: Константин Преславски) е средновековен писател, учител чија дејност е поврзана со Преславска книжевна школа кон крајот на 9ти и почетокот на 10ти век. Биографските извори за неговиот живот се малку, но се верува дека бил ученик на Свети Методиј. По смртта на светителот во 885, Константин бил заробен од германското клерство во Велика Моравија и бил продаден како роб во Венеција. Тој пребегал во Цариград, а потоа во Бугарија околу 886 година, каде што неговата дејност е поврзана со Преславската книжевна школа.
Негово најзначајно дело е Учително евангелие, кое вообичаено е датирано во првите години од владеењето на царот Симеон I, 893 – 894.
Ниту едно од оригиналните дела на Константин Преславски не го преживеало палењето на Преслав од страна на византискиот император Јован I Цимискиј во 972 и периодот на османлиско владеење (1396 – 1878). Зачуваните дела се преписи, од кои најстарите потекнуваат од 12ти и 13ти век.