Константин Гонгил

Константин Гонгил[1]византиски евнух дворски службеник кој го водел неуспешниот поход против Критскиот емират во 949 година.

Животопис

уреди

Ништо не се знае за младоста на Константин, освен што потекнувал од Пафлагонија.[2]Житието на Св. Василиј Помладиот хагиографија покажува дека тој и неговиот брат Анастасиј биле роднини со евнухот Константин Пафлагонецот, кој се издигнал на моќно место во дворецот како миленик на паракоимомен Самона и царот Лав VI помладиот (886–912).[3] Константин првично се истакнал во 913/4 година, по смртта на царот Александар (912–913), и царицата регент Зоја Карбонопсина која го избрала него и неговиот брат за лични советници. Во оваа прилика, Константин бил прогласен на за патрикиј висока благородничка титула.[2]

 
Критските сарацени ги убиваат заспаните византијци. Приказ од ракописот на Јован Скилица.

Константин Гонгил имал големо влијание за време на владеењето на Зоја (914–919), но набргу ја изгубил моќта коф=га на престолот седнал Роман I ( 920–944). Иако Гонгил го спасил Лакапин од ослепување поради неговата улога во катастрофалната Битка кај Анхијал, браќата Гонгил го поддржале војсководецот Лав Фока Постариот во неговата борба со Лакапин за престолот. Браќата набрзо ќе ја променат страната кога Лакапин ќе биде во предност, но не се споменуваат изворите за време на неговото владеење.[4]

По смената Лакапин во декември 944 година, сепак, Константин Гонгил бил назначен за адмирал на византиската морнарица. Па така, во 949 година тој бил одговорен за големиот обид за освојување на островот Крит од сарацените. Походот завршил со катастрофален неуспех, кои византидките хроничари го припишуваат поради недостатокот на воено искуство: тој заборавил да го утврди логорот на војската, кој бил заобиколен и речиси уништен во изнадувачкиот ноќен напад на сарацените. Гонгил едвај се спасил бегајќи со својот брод-знаменосец.[5] Неговата судбина по овој настан е непозната, во периодот на пишувањето на житието веројатно околу 960-ите, тој и неговиот брат живееле повлечен живот и го трошеле своето богатство на филантропски и дарителски цели.[6]

Наводи

уреди
  1. "Gongyles" means "turnip" and is most probably a derogatory epithet applied by the chroniclers rather than his actual surname. Pryor & Jeffreys 2006, стр. 71 (Note #128).
  2. 2,0 2,1 Guilland 1967, стр. 185.
  3. Ringrose 2003, стр. 188.
  4. Guilland 1967, стр. 185–186.
  5. Guilland 1967, стр. 186; McGeer 2008, стр. 359; Pryor & Jeffreys 2006, стр. 71; Ringrose 2003, стр. 136.
  6. Ringrose 2003, стр. 124.

Извори

уреди
  • Guilland, Rodolphe (1967). Recherches sur les Institutions Byzantines, Tome II (француски). Berlin, Germany: Akademie-Verlag.
  • McGeer, Eric (2008). Sowing the Dragon's Teeth: Byzantine Warfare in the Tenth Century. Washington, District of Columbia: Dumbarton Oaks Studies. ISBN 978-0-88402-224-4.
  • Pryor, John H.; Jeffreys, Elizabeth M. (2006). The Age of the ΔΡΟΜΩΝ: The Byzantine Navy ca. 500–1204. Leiden, The Netherlands and Boston, Massachusetts: Brill Academic Publishers. ISBN 978-90-04-15197-0.
  • Ringrose, Kathryn M. (2003). The Perfect Servant: Eunuchs and the Social Construction of Gender in Byzantium. Chicago, Illinois: The University of Chicago Press. ISBN 978-0-226-72015-9.