Кондисал Ајрадин паша
„Кондисал Ајрадин паша“ — македонска народна песна. Песната е посветена на некојси Ајрадин паша кој сакал да го нападне селото Галичник.
„Кондисал Ајрадин паша“ | |
---|---|
Песна | |
Јазик | македонски |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 4:16 (Александар Сариевски) 3:12 (Ансамбл Билјана) |
Текст
уреди-Кондисал Ајрадин паша, аман,
кондисал карши Галичник.
Наличил силни топови, аман,
да ми го горит Галичник.
Галичник село големо, аман
Стамбол на ѓузум пишано.
Извадил ѓузлум дулбија, аман,
догледал чешма упија.
На чешмата до две девојки, аман,
две девојки и една невеста.
Девојки платно белеа, аман,
невеста вода носеше.
Излегол Тодор Попоски, аман,
со ќеаните по него.
Јагне сугаре носеа, аман,
сељам на паша чинејет.
Сељам на паша чинејет,
да не го горит Галичник.
Жалба му падна на срце, аман
дигна си силни топови.
Дигна си силни топови, аман,
не го запалил Галичник.
Галичник, село големо, аман,
в Стамбол на ѓузум пишано.