Комондор (латински: Canis familiaris pastorialis villosus hungaricus) е оригинален унгрски овчрски вид на кучиња.

Појава

уреди

Женките се високи до 69 см, додека мажјаците се високи и до 76 см. Има и повисоки и тоа ги прави највисоки во својот вид (комондори). Овие кучиња се многу брзи, што е изненадувачко за кучиња со оваа гплемина.

Влакна

уреди

Влакната се долги и кадрави, со бела боја и едни се од најгусти во светот на кучињата.

Влакната на кученцата се мека и дури со време, како се развива кучето, се појавуваат полните одлики на расата. Крзното мора да се одржува инаку би се претворило во замотано клупче. Опаѓање на влакната е минимално кај оваа раса. Во историјата овие долги влакна му помагале на комондорот во борба против волците. Волкот не може да го касне комодорот поради неговите специфични влакна, така што комодорот иако физички изгледа послаб од волкот, доста често излегувал како победник во борбите.

Историја

уреди

Потеклото на комондорот е несигурно. Едни извори укажуваат дека комондорите ги одгледале унгарите, додека други извори говорат дека комондор е од сумерско потекло.

По третата теорија комондорите ги донеле на унгарците Кумани. Изразот кјуман-дур (quman-dur), има значење припаѓа на кумани или пес на Кумани и се користел за кучиња који ги имале куманите и имал слични одлики и се вкрстувал со предокот на денешниот комондор.

Името комондор првпат е забележано во 1544 година во Историјата на кралот Астиагиса од Петер Какоњиј (Kákonyi Péter), на унгарски јазик. Следно споменување на комондорот наоѓаме во 1673 година во делото на Јан Амос Коменски (Amos Comenius).[1]

 

Самиот изглед на влакната укажува дека комодорот има некои заеднички врски со Пули и Бергамаско (Bergamasco), исто така овчарски кучиња со слични влакна.

Комондорот е одгледуван како овчарско куче чувар. Долгите и кадрави влакна му даваат отпорност на повеќето екстремни, високи и ниски температури, а исто така и во борба против грабливците кои го напаѓаат стадото. Долгите бели влакна исто така му даваат можност да се прикрие и да стане невидлив во стадото овци кое го чува, што му дава предност во изненадување при напад на волците.

Денес комондор е распространет вид кој се одгледува во Унгарија. Многу комондори е убиено во текот на Втората светска војна, бидејќи кога и да доаѓале некои војски комондорот го бранел стадото и војниците за да дојдат до храна, морале прво да го убијат песот чувар, комондорот.

Темперамент

уреди

Темпераментот на комондорот е како и кај повеќето овчарски кучиња. Кога ситуацијата е вообичаена кучето е мирно и сталожено. Ако се појави неволја на видикот, кучето одговара на секаков предизвик. Научен е да мисли и реагира самостојно.[2] Многу е приврзан за семејството и сопственикот, а странците ги прифаќа со недоверба. Ја брани куќата и сопственоста и оваа раса има природен инстинкт за сопственост.

Многу е брз и силен. Најчесто се користи за чување на овци од волци и мечки.[2] Во соединетите држави особено почнал да се одгледува и користити кога се увидело колку комондорите се корисни како чувари на стада од којоти.

Наводи

уреди
  1. Komondor, kuvasz. Ujváriné Lukács Ildikó.
  2. 2,0 2,1 „Komondor Dog Breeds“. Архивирано од изворникот на 2009-02-21. Посетено на 2019-01-26.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди