Колначот (ТВ серија)
Вједжмин (Колначот или Вештерот на англиската верзија) е полска фантазиска телевизиска серија која била емитувана во 2002 година.
Wiedźmin (Колначот) | |
---|---|
Жанр | фантастика, акција, драма |
Заснована на | „Вештерот“ на Анджеј Сапковски |
Напишана од | Михал Шчербик |
Режирана од | Марек Бродзки |
Улоги | Михал Жебровски Збигниев Замаховски Маќеј Козловски Гражина Волшчак |
Композитор(и) | Грзегорз Цјеховски |
Земја на потекло | Полска |
Првичен јазик | полски |
Бр. на серии | 1 |
Бр. на епизоди | 13 |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Михал Шчербик |
Продуцент(и) | Лев Ривин Павел Поуп Славомир Роговски |
Кинематографија | Богдан Стахурски |
Времетраење | 50 минути |
Продукциска куќа | Heritage Films |
Прикажување | |
Првична мрежа | Телевизја Полска |
Првично прикажување | 22 септември 2002 – 15 декември 2002 |
Хронологија | |
Слични програми | Колначот |
Приказната се заснова на приказните од фантазискиот серијал „Вештерот“ (збирките „Последната желба“ и „Мечот на судбината“), од полскиот автор Анджеј Сапковски.
Заплет
уредиКолначот започнува со детството на Гералт од Ривија (Жебровски), кој е патувачки ловец на чудовишта. Весемир го прибрал детето додека се повикувал на Изненадниот закон. Серијата потоа го следи како се обучува во Кер Морен, како ги развива неговите способности и како мутира.[1]
Прием
уредиСеријата била опишана како подобра од филмот што и претходел, но лошиот критички и обожавателски прием на филмот, кој бил опишан како превозвишен, неповрзан трејлер за ТВ емисијата, бил наведен како една од причините за откажувањето на серијата по 13 епизоди.[2] Сапковски ја критикувал и телевизиската адаптација.[3][4]
Епизоди
уредиБрој | Полски наслов | Македонски превод | Извор на приказните |
---|---|---|---|
1 | „Dzieciństwo“ | „Детство“ | - |
2 | „Nauka“ | „Обука“ | - |
3 | „Człowiek – pierwsze spotkanie“ | „Човек - Прва средба“ | Вклучува мали елементи од „Помалото зло“ и „Мечот на судбината“ |
4 | „Smok“ | „Змеј“ | „Границите на разумот“ |
5 | „Okruch lodu“ | „Парче мраз“ | „Парче мраз“ |
6 | „Calanthe“ | „Каланте“ | „Прашање на цена“ |
7 | „Dolina Kwiatów“ | „Цветна долина“ | „Вечен пламен“, „Работ на светот“ |
8 | „Rozdroże“ | „Крстосници“ | „Вештерот“, „Гласот на разумот“, „Нешто повеќе“ |
9 | „Świątynia Melitele“ | „Храмот на Мелител“ | „Гласот на разумот“ |
10 | „Mniejsze zło“ | „Помалото зло“ | „Помалото зло“ |
11 | „Jaskier“ | „Јаскер(Дандилајн)“ | Елементи од „Помалото зло“, „Парче мраз“ и „Мечот на судбината |
12 | „Falwick“ | „Фалвик“ | - |
13 | „Ciri“ | „Сири“ | Содржи елементи од „Нешто повеќе“ |
Наводи
уреди- ↑ Macgregor, Jody (24 декември 2019). „The serious comparison you've been waiting for: Netflix's Witcher vs the 2002 Polish TV show“. PC Gamer (англиски). Посетено на 11 мај 2020.
- ↑ Copeland, Wesley (4 септември 2018). „There Was a Witcher Movie and Series in 2001“. IGN (англиски). Посетено на 11 мај 2020.
- ↑ Dumaraog, Ana (17 мај 2017). „The Witcher TV Series Being Developed by Netflix“. ScreenRant (англиски). Посетено на 11 мај 2020.
- ↑ Copeland, Wesley (5 септември 2018). „There Was a Witcher Movie and Series in 2001“. IGN. Посетено на 11 мај 2020.