Меч на судбината (полски: Miecz przeznaczenia) е втората (по својата измислена хронологија; прва во полското издание) од двете збирки раскази (другата е Последната желба), двете претходанички на главната Сага за Вештерот. Приказните биле напишани од полскиот автор за фантастика, Анджеј Сапковски. Првото полско издание било објавено во 1992 година;[1] Англиското издание било објавено во Обединетото Кралство од издавачката куќа Голанц во 2015 година.[2]

Меч на судбината
АвторАнджеј Сапковски
Изворен насловMiecz przeznaczenia
ПреведувачДејвид Френч
ЗемјаПолска
Јазикполски
СеријалВештерот
ЖанрФантастика
МедиумПечатено издание
Страници384
ISBN978-1-4732-1153-7
ПретходнаПоследната желба 
СледнаВиленичка крв 

Заплет

уреди

Антологијата се состои од неколку приказни, тесно поврзани со хронологијата. Расказите во оваа збирка се случуваат пред настаните на романите и воведуваат ликови кои стануваат главни носители во романите. Насловната приказна, Мечот на судбината, е прва што го воведе ликот на Сири. Следната приказна, Нешто повеќе, која исто така ја прикажува Сири, е директен претходник на сагата Вештерот, во која се опишани настани што се случуваат непосредно пред оние во Сагата (како што е падот на Кралството Цинтра).

„Границите на разумот“

уреди

Granica możliwości

Гералт од Ривија, познат вештер, им се придружува на Борш „Трите Чавки“ и неговите зерикинијански телохранители Теа и Веа на авантура во потрага по еден змеј, за кој Гералт објаснува дека нема да го убие затоа што змејови не убиваат луѓе, туку обратното. Борш тврди дека неговиот интерес кон змејот е чиста љубопитност. Дружината се приклучува во масовен лов на змејот, во кој е вклучен неговиот поет пријател Јаскер; група џуџиња предводени од Јарпен Зигрин; познатата платеничка група по име Кринфридски ајдуци; Бохолт и неговата дружина; Ејк од Денесли паладин опседнат со витештво; баталјон предводен од малолетниот крал Нидамир; и волшебниците Доргареј и Јенефер, од кои на последната Гералт порано и бил љубовник. Дружината тргнува да најде и да убие зелен змеј што тероризира во околните гратчиња.

По низата незгоди и дофрлања, меѓу кои и онаа каде што Гералт и Јенефер за малку фатално ќе паднеле од скршен мост во свлечиште, дружокот се докрадува до претходно прославениот златен змеј, Вилентретенмерт, кој нуди фер битка без магија или исфрлање на оган кон секој што сака да го предизвика. Ејк од Денесли прв го предизвикува змејот и брзо е онеспособен, што ја ослабнува решеноста на дружокот и предизвикува заминување на луѓето на кралот Нидамир.

Бохолт, џуџињата и Ајдуците решаваат да го нападнат змејот заедно и да го поделат богатството додека Гералт, Доргареј и Јаскер не се согласуваат, поради што тие се парализирани од Јенефер и се врзани за кола. Јенефер брзо им се придружува откако се обидува да ги онеспособи џуџињата и Ајдуците за да може да го земе змејот за себе затоа што утробата на змејот наводно ќе ја излечи нејзината неплодност. Вилентретенемерт, уморен од чекање, влегува во конфликт и ги протерува Ајдуците и џуџињата, овозможувајќи бегство на зелениот змеј, и со преостанатите членови на дружокот оди да ја нападне надојдената милиција од соседното село. Теа и Веа се придружуваат и му помагаат на златниот змеј со Јенефер да обезбеди дополнителна магична помош пред повторно да се приклучат на дружокот.

Вилентретенемерт открива дека тој всушност е Борш, бидејќи златните змејови можат да имаат каков било облик што го посакуваат. Зелениот змеј, Миргтабрејк, го повикала на помош и го оставила своето „богатство“ (испилено змејче), како исплата за неговата помош и заштита. Гералт и Јенефер (тазе помирени) и остатокот од дружокот се збогуваат со Вилентретенемерт и Зериканијанките.

„Парче мраз“

уреди

Okruch lodu

Гералт лови и убива зигл кој живее во ѓубриштата надвор од Аед Гинвел. Тој се враќа кај Јенефер во нивната гостилница и се жали од градот и за тоа како се чувствува лошо таму, додека Јенефер инсистира на тоа да останат затоа што и се допаѓа градот и неговата историја (што вклучува мит заснован на Снежната кралица за која е именуван градот) и затоа што таа го посетува нејзиниот пријател волшебник Истред. Тие водат љубов.

По грубото утро во кое се чувствува изнервирано од секоја мала незгода, Гералт се среќава со помпезниот воин Иво Мирче, познат и како „Чикада“, кој работи за градскиот старешина Херболт. Откако разговарале за неговата исплата за зиглот (и е помалку исплатен затоа што Херболт тврди дека мора да го плати данокот за добивката), тој решава да се сретне со Истред, откако Херболт спомнува дека Јенефер била во Аед Гиневал многупати пред да го посети него. Чикада го малтретира Гералт околу неговиот углед и изјавува дека еден ден би сакал да види кој од нив двајца е посилен во борба до смрт.

Гералт се среќава со Истред кој му кажува на Гералт, дека е вљубен во Јенефер и дека ја запросил, со што таа барала време да размисли за тоа. Верувајќи дека Гералт и ја отежнува одлуката на Јенефер, Истред посакува Гералт да си замине и никогаш повеќе да не ја види Јенефер. Двајцата разговараат за човечноста на Гералт и фактот дека неговата вештерска обука значи дека тој не може да има чувства, што го вознемирува Гералт. Гералт тврди дека Јенефер го љуби него и дека тој има право на јенеферовата наклонетост, затоа што таа спиела со Гералт претходната ноќ, на што Истред самобендисано одговара дека таа исто така спиела со него тоа утро.

Јенефер се враќа дома таа ноќ и таа и Гералт разговараат за тоа какви се по природа. Јенефер со својата магија создава црн кестрел (вид на сокол) и го прашува која е вистината, на што птицата одговара дека вистината е парче мраз. Следниот ден, Гералт и Истред се согласуваат да се сретнат во двобој за раката на Јенефер, бидејќи поинаку таа нема да избере, на што Херболт му кажува на Гералт дека не му е дозволено да го убие Истред и дека ќе биде уапсен доколку го стори тоа. Уморен и погоден од табиетот на градот и разговорот од претходниот ден, Гералт пешачи по темен сокак без оружје и е нападнат од двајца крадци, кои брзо го оставаат откако сфатиле дека е вештер, при што еден од крадците му вели ако тој сака да се самоубие да не вклучува други. Таа вечер, тој добива порака од еден од црните кестрели на Јенефер.

Следното утро, Гералт го победува Чикада и неговите луѓе во тепачката што Чикада претходно ја замислил пред да се усмери кон Истред. Истред примил уште еден од јенеферовите црни кестрели со порака во која му посакува збогум. Истред не го прифаќа ова и сè уште посакува да се бори против Гералт, но Гералт му одговара со зборовите на крадците од претходно и си заминува.

„Вечен Пламен“

уреди

Wieczny ogień

Гералт се среќава со Јаскер во престолничката метропола Новиград, откако последниот е исфрлен од неговата гневна љубовничка Веспула. Парот се упатува кон блиската гостилница, каде Јаскер има активен долг што тој допрва треба да го плати. Јаскер планира да го замоли својот пријател, џуџестиот трговец Дејнти Баjбервелдт да му ја плати сметката и да ги чести вечера. Дејнти изразува некарактеристичен страв кон Гералт и триото прави кратки муабети пред да бидат прекинати од повалкан, претепан Дејнти Баjбервелдт. Оној Дејнти со кој Гералт и Јаскер разговарале, увидено е дека е имитатор - исто така познат и како векслинг, или како што се нарекува себеси, двојник - суштество кое може да се претвори во други и совршено да ја имитира нивната природа и менталитет откако ќе има доволно време да ги проучи. Двојникот се претставува себеси како Телико Лунгревинк Леторт, познат и како Пенсток и неговите пријатели го викаат Дуду. Телико го нападнал Дејнти во шумата надвор од Новиград и му ги зел коњите и караванот. Тој открива дека ги продал коњите и дека потрошил најголем дел од парите за да купи навидум безвредни добра во името на Дејнти, оставајќи го Дејнти во беда а неговиот углед како смел трговец е оштетен. Гералт одбива да го убие Телико бидејќи тој е интелигентно суштество. Телико бега и Дејнти е запрен од Шван, градски службеник кој има намера да собере данок на добивката направена од Телико, вкупно додавајќи огромна сума што Дејнти ја нема. Тој му дозволува на Дејнти до следниот ден напладне да го плати данокот.

Триото е соочено од Чапел, министер за безбедност и немилосрден политичар познат по тоа што мести „несреќи“ за оние што го измамуваат. Чапел објаснува дека приказните за двојникот во градот мора да престанат да се шират затоа што градот е заштитен од Вечниот оган, кој гори низ градот и им носи надеж на луѓето дека ќе бидат безбедни од чудовишта и слични на ним - затоа приказната за двојник во градот е теолошки невозможна и секој што ќе ја шири оваа приказна ќе биде затворен и/или убиен. Мускрат, мештански трговец и благајник на трговскиот еснаф, пристигнува и му кажува на Дејнти, дека неговата продажба на кохинил (вид на боја), една од ’бескорисните’ добра што ја купил Дуду, е масовно успешна поради неодамнешниот државен удар во Повис и потребата од ребрендирање.

Виме Вивалди, банкар пријател на Дејнти, објаснува дека Телико го користел пријателството на Вивалди и Дејнти за да може неговите разни набавки и продажба да поминат без проблем. Навидум, безвредните набавки на Телико, всушност биле маска за две легитимни, кои сега се продале за високи цени заради нивната политичка важност (за што Јаскер предупредува дека ќе го налути Чапел, бидејќи Дејнти очигледно знаел за политичкиот маневар пред Чапел да го дознае). Поради успехот на работата на Телико под името Дејнти, Дејнти сега повторно е воздигнат како смел трговец и го повратил своето богатство, со целосно исплатени даноци. Сепак, двојникот Телико сè уште го носи ликот на Дејнти и продолжува да прави навидум случајни набавки и продажби.

Гералт, Јаскер и Дејнти го лоцираат Телико и го бркаат. Телико се преобразува во Гералт, но набрзо сфаќа дека не може да победи во борба против него затоа што Телико е кукавица која не може да никого да убие. Телико објаснува дека тој едноставно сака да се вклопи и да преживее во градот како и сите други нечовечки раси. Тој се претвора во Јаскер и се упатува кон пазарот, каде што е за брзо е нападнат и претепан од сè уште лутата Веспула. Гералт повторно го фаќа Телико, но е запрен од Чапел, кој открива дека тој е исто така двојник кој ја зел формата на Чапел кој неодамна починал. Дејнти, Телико и Чапел брзо постигнуваат договор дека Телико ќе продолжи да живее во градот под прекарот на братучедот на Дејнти, Дуду Бајбервелдт и да работи како негов застапник во Новиград, делумно поради неговите смели деловни практики. Дуду открива дека неговите последни "безвредни" набавки се потребни за да се направат повеќе олтари на вечниот оган што ќе горат подобро и подолго, со тоа правејќи уште едно богатство.

„Мала жртва“

уреди

Trochę poświęcenia

Гералт му помага на Војводата Агловал да ја запроси својата љубовница, сирената Шеназ. Запросувањето е неуспешно затоа што ниту една страна не се согласува да се преобрази за да живее со другата, што резултира со тоа Агловал да одбие да го исплати Гералт. Тој се среќава со Јаскер, кој е ангажиран да свири втор во мештанскиот веридбен бал после Еси Дејвен, позната и како „Мало око“, блиска пријателка и посестрима на Јаскер. По разменувањето на пријатни мигови со Еси, Војводата Агловал пристигнува со нова работа за Гералт. Пронајден е брод за пронаоѓање бисери, кој плови сам во океанот, додека сиот екипаж исчезнал и со распрскана крв по палубата, за која Агловал верува дека е дело на морско чудовиште. Откако ја прифаќа работата за следното утро, Гералт ја следи Еси на терасата, каде споделуваат бакнеж што никој не може да го објасни. Јаскер подоцна му забележува на Гералт дека ја бакнал затоа што сакал да види до каде ќе оди нејзината фасцинанција со некој вештер и дека колку што тој го мрази другиот во себеси, исто толку се истакнува.

Следниот ден, Гералт го започнува својот лов, со Еси која му се придружува за да види вештер на дело. Гералт не може да најде некој што сака да го однесе на последната позната местоположба на рибарскиот брод. Шеназ го предупредува Гералт да биде настрана од "Змејските заби", местото на исчезнувањето, каде што Еси верува дека укажува за вина на сирената. Знаењето на Еси за океанот и плимата, сепак, му дава идеја на Гералт да ги почека "Забите" на ниска плима, што тој го прави тоа подоцна со Јаскер со влечење, откако ја одбил помошта на Еси. Јаскер и Гералт наоѓаат скалила што водат надолу во водата за кои Јаскер теоретизира дека водат до подводниот град Ис. Ѕвоно почнува да ѕвони од под вода и тие двајца се нападнати од подводни суштества кои носат оклоп и оружје. Гералт е повлечен под вода додека тој и Јаскер бегаат, но е спасен од Шеназ кој повторно го предупредува да биде подалеку од океанот. Додека ги преврзува раните, Еси ја признава нејзината љубов кон Гералт. Сепак, Гералт не чувствува ништо за неа поради неговата љубов кон Јенефер, иако и дозволува на Еси да остане со него таа вечер. Гералт и дава сина школка што била пронајдена на скалилата кон Ис, која содржи бисер за кој Еси се колне дека ќе го чува со себе засекогаш.

Гералт му кажува на Агловал за новооткриената интелигентна раса, која нивните правила им забрануваат да убиваат или осакатуваат. Агловал решава да оди во војна со суштествата и покрај молбите на Гералт и Еси против тоа. Набргу потоа пристигнува Шеназ, откако направила „мала жртва“ на нејзината опашка да стане човек, така што таа може да се омажи за Агловал и да живее на копно засекогаш. Гералт, Јаскер и Еси заминуваат заедно и минуваат неколку дена на патот, при што Гералт и Еси ја кулминираат својата афера една вечер. Јаскер составува балада во тајност ноќта пред сите да разделат за еден вештер и поетеса кои се заљубуваат на плажа, која тој никогаш повеќе не ја изведува. Приказната кажува дека Еси умира од сипаници во епидемија неколку години подоцна, со тоа што Јаскер лично ја погребал со нејзината лута и бисерот што и го дал Гералт.

„Меч на судбината“

уреди

Miecz przeznaczenia

Гералт се упати кон Брокилон, Последната шума, за да достави порака до кралицата на драјдите, Ејтн, од кралот Вензлав. Тој наоѓа мала група тела оставени од драјдите, заедно со еден преживеан, неговиот пријател Фриксенет, кој е приумрен. Драјдите му се впуштаат на Гералт и драјдата Брен се согласува да го одведе него да ја види Ејтн откако го препознала и ја ислушала неговата задача. Гералт и Брен се среќаваат со и убиваат џиновска стоногалка која се заканувала на една млада девојка по име Сири, која им се придружува на групата на патот кон главниот град на Брокилон. Сири кратко го погледнува Гералт и објаснува дека таа е принцеза и дека требала да се омажи за принцот Кистрин, син на кралот Ервил, но избегала.

Брен, Гералт и Сири пристигнуваат во Дуен Канел, срцето на Брокилон. Гералт открива дека Фриксенет бил спасен и е лекуван (бидејќи драјдите имаат намера тој да оплоди некои од нив). Сири почнува да сфаќа дека драјдите планираат да ја задржат - драјдите водат бескрајна војна за шумата и го зголемуваат нивниот број со грабнување и перење мозок на млади девојки во драјадската култура (од кои еднаш Брен била дел). Гералт се среќава со Ејтн и двајцата разговараат за судбината, за која Ејтн верува дека е двостран меч; Гералт верува дека тој е едната страна од овој "меч" и дека смртта е другата и повеќе од тоа, судбината не постои.

Ејтн и дозволува на Сири да избере дали сака да остане во шумата или да замине со Гералт. Таа ја тера Сири да ја испие брокилонската вода, што отстранува сеќавања од поранешниот живот, но тоа не влијае на Сири. Во исто време, водата предизвикува Гералт да сфати зошто Сири изгледа толку познато - таа е Сирила, ќерка на Павета и внука на кралицата Каланте од Цинтра, и гералтовото ветено "Дете на судбината", според Изненадниот закон, на кој тој се повикал во „Прашање за цена“ од „Последната желба“.

Сири и Гералт се будат на работ од Брокилон, откако се ослободени од Ејтн. Двајцата започнуваат да се движат назад кон Бриж, за да го пренесат Ејтеновиот одговор до кралот Вензлав (што едноставно не е одговорено на неговото барање за припојување на дел од шумата). Двајцата наидуваат на група вердански платеници (испратена од кралот Ервил), кои убиле група трговци и покрај нивните тврдења дека тоа го направиле драјдите. Гералт се бори против нив додека Сири се крие (користејќи совети од една приказна за спиење која Гералт и ја раскажал претходно) а напомош им доаѓа група од драјди и друидот Маусек (исто така од Цинтра), кој е испратен да ја донесе Сири дома. Гералт, откако го сфатил потеклото на Сири и дека е очекувано тој да ја одведе со себе заради Изненадниот закон, ги остава збогувајќи се со Маусек додека Сири спие. Сири се буди и го повикува Гералт, кој ја игнорира и заминува.

„Нешто повеќе“

уреди

Coś więcej

Гералт го спасува трговецот Јурга од неживите чудовишта што ја превртиле количката на Јурга и ги исплашиле неговите слуги. Гералт го прави ова само откако ќе се повика на Изненадниот закон од Јурга. Гералт преовладува во последователната битка, но е сериозно ранет. Јурга го става во количката и му дава на Гералт една од неговите лековити напивки, што го онесвестува Гералт и го тера да сонува спомени.

Во првиот, Гералт го поминува празникот Белтан со Јенефер, која вели дека тие не можат да останат заедно, на што тој се сложува. Во наредниот, Гералт ја посетува Цинтра шест години по првичната посета во „Прашање за цена“, како што било ветено. Тој забележува неколку деца како играат во замоковиот ендек. Каланте му кажува дека може да претпостави кое дете е на Павета (која починала со Дуни во бродолом) и да го земе, но нема да му каже дали е точен или не. Таа дознала за обуката на вештери и е исплашена од тоа што ќе се случи со нејзиното внуче ако го однесе Гералт. Гералт на крајот објаснува дека нема да го земе детето (или кое било дете) и нема намера да се повика на своето ветување, туку само сака да го види лицето на судбината и да разбере. Гералт, исто така, објаснува дека претходната приказна на Маусек, за тоа како тој бил даден на вештерите заради Изненадниот закон, е лага, дека тој бил напуштен од неговата мајка волшебничка и дека тој сè уште не верува во судбината. Тој открива дека знае дека синот на Павета не игра во ендекот (со претпоставка дека Павета родила машко) и ја напушта Цинтра.

Гералт се буди и ја гледа својата мајка Висена како му ги лекува раните. Гералт сака да ја погледне на дневна светлина и да знае дали е судбината што ги довела еден до друг, но Висена го негира ова, велејќи дека тоа нема да промени ништо. Следниот ден, Јурга му раскажува на Гералт за Битката кај Соден што ги одбила силите на Нилфгард, но ги однела животите на четиринаесет волшебници кои се бореле таму. На врвот на ридот бил поставен споменик со имињата на мртвите. Гералт оди таму и се сеќава на неговите средби со сите волшебници испишани на споменикот, пред да се сретне со Смртта во форма на девојка. Таа му го чита последното име на споменикот, Јенефер од Венгерберг. Со срце скршено, Гералт бара Смртта да го однесе, но таа го одбива, велејќи дека не му е време. Јурга подоцна му кажува на Гералт дека ги знае сите имиња на споменикот и дека Јенефер не е една од мртвите. Гералт го повлекува својот Изненаден закон откако Јурга објаснува дека нема да има ништо изненадувачко што го чека дома, иако тој се обидува да понуди еден од неговите синови за вештерска обука, не разбирајќи ги импликациите.

Гералт се присетува на едно последно сеќавање наидувајќи на Јаскер веднаш откако Нилфгарѓаните започнале да маршираат низ континентот во масовна кампања на изгорена земја. Гералт го спасува Јаскер и ветува дека ќе му помогне да ја премине реката на безбедно откако ќе замине во Цинтра. Јаскер му кажува дека Цинтра паднала, при што Каланте се фрлила од sидовите на замокот и целото благородништво радо извршило самоубиство отколку да биде однесено од крвожедните Нилфгарѓани. Од Сири немало ни трага ни глас и се сметала за мртва. Разочаран, Гералт го прашува Јаскер дали тој верува во судбината и инсистира на тоа дека мора да има нешто повеќе вклучено во судбината, ако има некакво значење.

Конечно, Гералт и Јурга пристигнуваат во куќата на првоспоменатиот, каде неговата сопруга му кажува дека има изненадување - таа зела едно девојче кое неодамна станало сираче во нападите. Јурга сфаќа дека има нешто за Изненадниот закон. Испаѓа дека детето е Сири, кое избегало од Цинтра по наредба на нејзината баба. Сири и Гералт се прегрнуваат, а Сири прашува дали таа е неговата судбина, на што Гералт одговара дека таа е многу повеќе.

Преводи

уреди

Книгата е преведена на италијански, унгарски, чешки, руски, грчки, шведски, фински, естонски, литвански, германски, шпански, португалски, српски, бугарски, традиционален кинески, поедноставен кинески, романски, турски, холандски и француски јазик. Преводот на англиски јазик го издал Голанц на 21 мај 2015 година (преведен од Дејвид Френч).[3]

Аудио книга

уреди

Во 2011 година, по успешноста на аудио-претставата заснована на Нарентурм на Сапковски, Фонополис и audioteka.pl ги издале аудио претставите засновани на Последната желба и Меч на судбината. Меч на судбината, кој траел околу 15 часа, го синхронизирале 49 глумци, меѓу кои Криштоф Банашик како Гералт, Ана Дерешовска како Јенефер,Славомир Пацек како Јаскер, Јоана Пах како Сири, и Криштоф Гоштила како раскажувач.

Адаптација

уреди
  • „Границите на разумот“ била адаптирана во епизодата „Ретки видови“ во серијата „Вештерот“.
  • Делови на „Меч на судбината“ биле прилагодени во епизодата „На банкети, копилиња и погреби“ во „Вештерот“.
  • „Нешто повеќе“ била поделена на два дела и била прилагодена во епизодите „Пред една есен“ и „Многу повеќе“ во „Вештерот“.

Наводи

уреди
  1. „SuperNOWA - Andrzej Sapkowski“.
  2. „Gollancz Acquire Three More Witcher Novels“. Архивирано од изворникот на 19 јуни 2018. Посетено на 31 март 2020.
  3. Andrzej Sapkowski - Sword of Destiny. The Orion Publishing Group. 13 јули 2018. Посетено на 11 април 2020.

Надворешни врски

уреди