Колман Хокинс
Колман Хокинс (англ. Coleman Hawkins; 21 ноември 1904 – 19 мај 1969 година), со прекар „Хок“ (анг: Hawk; јастреб) ― американски џез музичар и еден од најистакнатите тенор-саксофонисти.[1] Неговиот виртуозитет на саксофонот заедно со неговиот карактеристичен богат, емотивен и вибрато тонски стил влијаела врз една цела генерација тенористи како Чу Бери, Чарли Барнет, Текс Бенеке, Бен Вебстер, а преку нив индиректно и врз подоцнежните тенор-саксофонисти.[2] [3] Иако Хокинс станал популарен со свинг музиката, одиграл значајна улога во развојот на бибоп во 1940-тите.[1]
Колман Хокинс | |
---|---|
Колман Хокинс во о.1945 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Колман Рендолф Хокинс |
Познат(а) и како | "Бин", "Хок" |
Роден(а) | ноември 21, 1904 Сент Џозеф, Мисури, САД |
Починал(а) | мај 19, 1969 Њујорк, САД | (возр. 64)
Жанрови | Џез, Свинг музика, Бибоп |
Инструменти | Тенор Саксофон, бас саксофон, кларинет |
Период на активност | 1921–1969[1] |
Соработници | Бен Вебстер, Макс Роч |
Тенор-саксофонист Лестер Јанг, познат како „Претседател на тенор-саксофонот“, во интервјуто за The Jazz Review во 1959 година рекол: „Што се однесува до мене, мислам дека Колман Хокинс беше претседател, пред мене, нели? Според мене, мислам дека сум втор.“[4] Мајлс Дејвис рекол: „Откако го слушнав Хок, научив да свирам балади“. [4]
Живот и кариера
уредиХокинс е роден во Сент Џозеф, Мисури, САД, [5] во 1904 година. Средно училиште учел прво во Чикаго, а потоа во Топека, Канзас. Во младоста свирел пијано и виолончело, а на деветгодишна возраст почнал да свири саксофон; на четиринаесетгодишна возраст веќе свирел на концерти во Источен Канзас.[5]
Првиот голем концерт на Колман Хокинс бил со Jazz Hounds во 1921 година, [5] на кои трајно им се приклучил во април 1922 година и бил на турнеја со групата во 1923 година. Во 1923 година, отишол во Њујорк како слободен музичар и кратко време настапувал со Вилбур Смитман. За време на еден од неговите настапи, бил забележан од Флечер Хендерсон, и во јануари 1924 година, Хокинс стана редовен член на неговиот оркестар, каде што останал до 1934 година.[5] Свирејќи со Хендерсон, развил свој индивидуален стил на изведба - силниот, густ и помалку груб звук на неговиот саксофон се слуша во композициите „Стампедо“, „Св. Луис Шуфл“, „Sugar Foot Stomp“, „Dee Blues“, „One Hour“, кои Хокинс ги снимил како дел од оркестарот на Хендерсон. Во доцните 1920-ти, Хокинс бил вклучен во една од првите меѓурасни сесии за снимање со Mound City Blue Blowers. Хокинс, исто така, во 1933-34 година снимил многу соло снимки со пијано или со музичари од Хендерсон, непосредно пред неговата европска турнеја. Исто така, на 2 февруари 1934 година учествувал во сесијата на Бени Гудман за Колумбија, на која како гостин вокал се појавил Милдред Бејли.
Кон крајот на 1934 година, Хокинс ја прифатил поканата да свири со оркестарот на Џек Хилтон во Лондон, [5] и бил на турнеја низ Европа како солист до 1939 година, настапувајќи и снимајќи со Џанго Рајнхард и Бени Картер во Париз во 1937 година.[6] Оркестарот на Џеј Хилтон во тоа време имал турнеја и во Германија, но на Хокинс, како црнец, му бил забранет влез во оваа земја. За време на европската турнеја на Хокинс од 1934 до 1939 година, вниманието во САД се префрлило на други тенор-саксофонисти, како Лестер Јанг, Бен Вебстер и Чу Бери.[7] По неговото враќање во Соединетите Американски Држави, тој брзо повторно се етаблира како една од водечките фигури на инструментот со додавање иновации во неговиот претходен стил.
По избувнувањето на Втората светска војна во 1939 година, тој се вратил во својата татковина и тука го снимил едно од неговите најпознати дела „Body and Soul“.[5]
Во текот на 1944 година, тој снимал со мали и големи групи за издавачите Keynote, Savoy и Apollo.[8] Хокинс отсекогаш знаел добро да процени нови таленти и стилови, и на 16 февруари 1944 година бил прв вокал на она што обично се смета за првата сесија на снимање на бибоп, во која покрај другите пеел и Дизи Гилеспи.[9] [10] Во доцните 1940-ти, Хокинс бил на концертна турнеја низ Америка организирана од џез-импресарито Норман Гранц насловена Џез во Филармонија.
Во 1950-тите, Хокинс честопати бил на европски турнеи. Европа во многу прилики. во 1956 година учествувал на џез фестивалот во Њупорт. Во 1957 година го издал албумотThe Hawk fles high под издавачот Риверсајд. Во 1959 година, во Лос Анџелес, снима во студиото Verve Records со Бен Вебстер, а потоа и со Оскар Петерсон. Во 1961 година, во Париз, во соработка со Бени Картер направил римејк на неговата популарна снимка од 1937 година. Во 1962 г., Хокинс бил на турнеја со Дјук Елингтон.
Долги години, Колман Хокинс страдал од алкохолизам и депресија. Во 1966 година, за време на концерт во Оукленд, изгубил свест на сцената и бил однесен во болница.[5] Негов последен запис бил во 1967 година; Хокинс починал во Мехетен од заболување на црниот дроб на 19 мај 1969 година.[5] Погребан е на гробиштата Вудлаун во Бронкс.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Yanow, Scott "Coleman Hawkins: Artist Biography". AllMusic. Retrieved December 27, 2013.
- ↑ Porter, Lewis (2002). Kernfeld, Barry (уред.). The New Grove Dictionary of Jazz. 3 (2. изд.). New York: Grove's Dictionaries. стр. 507–514. ISBN 1-56159-284-6.
- ↑ Ratliff, Ben (2019-03-01). „Lucky Thompson, Jazz Saxophonist, Is Dead at 81“. The New York Times. Посетено на 2012-01-16.
- ↑ 4,0 4,1 Berendt, Joachim E (1976). The Jazz Book. Universal Edition.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 Colin Larkin, уред. (1992). The Guinness Who's Who of Jazz (First. изд.). Guinness Publishing. стр. 193/4. ISBN 0-85112-580-8.
- ↑ Lyttelton, Humphrey (1998). The Best of Jazz. Robson Books. стр. 256–287. ISBN 1-86105-187-5.
- ↑ Chilton, John (1990). The Song of the Hawk:The Life and Recordings of Coleman Hawkins. University of Michigan: The University of Michigan Press.
- ↑ „Apollo 78 RPM - Label Discography“. 45worlds.com. Посетено на 4 March 2019.
- ↑ Brown, Don. „What Are Considered the First Bebop Recordings? – Jazz Bulletin Board“. All About Jazz. Архивирано од изворникот на July 7, 2011. Посетено на July 1, 2009.
- ↑ Four of the six tracks from the recording sessions of February 16 and 22, 1944 in New York were originally released by Apollo Records as singles and on the album Coleman Hawkins and His All Stars (LAP 101), later reissued by Delmark on Rainbow Mist (cf. Jazzdiso.org-reference), and now to find on various compilations.
Надворешни врски
уреди- Колман Хокинс на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Coleman Hawkins recordings at the Discography of American Historical Recordings.
- BookRags biography
- The Red Hot Jazz Archive biography
- Jazz for Beginners biography
- Coleman Hawkins videography
- Coleman Hawkins Legacy Jazz Festival
- Archived NYT Obituary for Coleman Hawkins