Коколо е традиција на танцова драма која се практикува во Доминиканска Република. Во 2008 година УНЕСКО го запишал танцот во Списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, иако оригиналната декларација била дадена во 2005 година.[1]

Традицијата се развила кај потомците на британските карибски робови на плантажите за шеќер, наречени Коколо. Претставите обинуваат „музички и танцови жанрови од африканско потекло“ со „заплети, легенди и ликови добиени од библиската и средновековната европска литература“. Во минатото трупите на Коколо настапувале на „Божиќ, Петровден и на карневалски активности“. Сега останува само една старечка група.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Cocolo dance drama tradition - intangible heritage - Culture Sector - UNESCO“. www.unesco.org. Посетено на 2015-12-02.