Книга Естира
„Книга Естира“ — книга од Стариот завет.
Содржина
уредиЈудеецот Мардахеј, службеник на персискиот цар Артаксеркс, сонува сон, а потоа открива заговор против царот, кој ги убива заговорниците и го наградува Мардахеј. По некое време, царот приредува голема гозба на која не сака да се појави неговата сопруга поради што тој решава да ја замени со друга жена. Царот издава проглас да се пријават сите убави девојки од царството, а меѓу нив е и Естира, роднина на Мардахеј, кој ја одгледува како своја ќерка. Естира ја придобива наклонетоста на царот и тој ја избира за нова царица. Во меѓувреме, кнезот Аман, навреден поради тоа што не му се покорува Мардохеј, го убедува царот да нареди да се истребат сите Јудејци. Мардохеј бара помош од Естира, која ги кани царот и Аман на гозба. Додека Амон крои планови да го обеси Мардохеј, царот му укажува голема почест. Потоа, Амон паѓа во немилост на царот, кој наредува да го обесат. На молба на Естира, царот го поништува прогласот на Амон и издава нов, дозволувајќи им на Јудејците да живеат слободно. Јудејците, пак, ги убиваат своите непријатели, вклучувајќи ги и синовите на Амон. Така, Мардохеј доживува голема слава и станува втор човек во царството, а денот на убивањето на непријателите се воспоставува како празник – Пурим. [1]
Наводи
уреди- ↑ Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 608-619.