Кнемида

планина во Фтиотида, Централна Грција

Кнемида или Кнемис (грчки: Κνημίς, Книмис или Κνημίδα, Книмида) — ниска планина во Фтиотида, Централна Грција. Претставува дел од планината Калидромо.

Кнемида
Κνημίς
Поглед на планината
Највисока точка
ВрвАгија Параскеви
Надм. вис.945 м
Координати38°44′13″N 22°50′51″E / 38.7369° СГШ; 22.8475° ИГД / 38.7369; 22.8475
Географија
Кнемида на карта

Карта

МестоФтиотида, Грција
Матичен венецКалидромо
Карта

Географија

уреди

Кнемида претставува долга и тесна планина, над јужниот брег на Малијакскиот Залив, и е дел од планината Калидромо.[1] Најблискиот град е Ламија, сместен северозападно од планината. Други населени места на планината се Камена Вурла, Аспронери, Агиос Константинос, Лонгос, Като Мелидони, Аркица на северниот, Ливанате на источниот и Карија на средниот дел. Автопатот 1 (A1) (Солун - Катерина - Лариса - Ламија - Атина) поминува северно од планинатa.[2]

Највисокиот врв Агија Параскеви се издига на 945 метри надморска височина. Други врвови на планината се Аерас (811 м), Гували (615 м), Граница (823 м), Дасос (790 м), Кукос (838 м), Ливади (788 м), Мавролонгос (924 м), Мецово (581 м), Профитис Илијас (740 м) и Спартијас (926 m).[1][2]

Карпите се сочинети од варовници и офиолити. Низ планината минува тектонски расед во правец југоисток-северозапад, од што се предиспонирани термални извори во близина на селата Камена Вурла и Агиос Константинос.[1]

Врвот се искачува од Карија (730 м) за околу час и половина.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 159–160. ISBN 978-960-86676-6-2.
  2. 2,0 2,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“