Клучот на Соломон

Клучот на Соломон (латински: Clavis Salomonis) — средновековна книга за магии која му се припишува на кралот Соломон.

Еден од многуте „магични кругови“ од Клучот на Соломон.

Постојат неколку верзии на Клучот на Соломон, со различни преводи, во кои има разлики. Повеќето од овие текстови датираат од 16 или 17 век, а најстариот е од 15 век.

Историја

уреди

Судејќи според стилот со кој е напишана, книгата е од среден век.[1] Многу од книгите кои му се припишуваат на Соломон се всушност напишани во средниот век.

Книгата содржи неколку параграфи инспирирани од текстовите во Талмудот и еврејската Кабала.

Според митската историја на овој документ, кралот Соломон ја напишал книгата за својот син Робоам, и му наложил да ја скрие книгата во гроб заедно со него. Но, после многу години, книгата е откриена од група вавилонски филозофи. Приказната натаму вели дека никој не можел да ја толкува книгата, сè додека едниот од нив се сетил да го повика Бога на помош. Тогаш пред него се појавил ангелот божји кој побарал заклетва од него да го крие текстот од слабите и недостојните, а потоа можел јасно да го сфати текстот.

Содржина

уреди

Клучот на Соломон е поделен во две книги. Првата книга содржи привикување, инвокација и клетви за повикување духови на умрени и демони, кои би требало да му ги исполнат желбите на оној што ги повикува. Исто така објаснува како да пронајдеш украдени предмети, како да бидеш невидлив, да стекнеш наклоност и љубов, и така натаму.

Втората книга опишува различни видови на чистења низ кои треба да помине „егзорцистот“, како треба да се облече, и какви животни треба да им се жртвуваат на духовите. Објаснети се сите потребни елементи за да се состави амајлија, како и начинот на кој се чисти и се подготвува амајлијата да делува.

Како и во повеќето средновековни текстови, сите овие магиски дејанија се изведуваат преку моќта на Бога, кому му се упатени сите повикувања.

Библиографија

уреди
  • Елизабет Батлер, Ритуална магија, ISBN 0-271-01846-1, дел II, поглавје 1, „Кругот на Соломон“, стр. 47-99.
  • Артур Е. Вејт, Книга за црна магија, ISBN 0-87728-207-2, поглавје 2, „Сложени ритуали“, стр.70

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Aurthur Edward Waite The Book of Black Magic pg. 70

Надворешни врски

уреди