Кловерфилд (англиски: Cloverfield, буквално: Поле со детелини) — американски чудовиштен филм на ужасите со елементи на трилер и акција, во режија на Мет Ривс и произведен од Џеј-Џеј Абрамс. Paramount Pictures спровел вирален маркетинг за да предизвика интерес за филмот. Премиерата се одржала во САД на 18 јануари 2008 г. Филмот е оценет со PG-13. Има слоган: „Нешто нè најде“ (англ. Some Thing Has Found Us).

„Кловерфилд“
Филмскиот плакат
РежисерМет Ривс
Продуцент
СценаристДру Годард
Главни улоги
КинематографијаМајкл Бонвилејн
МонтажаКевин Стит
СтудиоBad Robot
ДистрибутерParamount Pictures
Премиера18 јануари 2008 г.
Времетраење85 минути[1]
Земја САД
Јазик
Буџет25 — 30 милиони долари
Бруто заработка172,4 милиони долари

Содржина

уреди

Група пријатели се впуштаат длабоко во улиците на Њујорк во спасувачка мисија за време на бесен чудовиштен напад.

Производство

уреди

Џеј-Џеј Абрамс дошол до идеја за новото чудовиште откако со својот син посетил продавница за играчки во Јапонија додека го рекламирал Невозможна мисија 3. Тој објаснил: „Ги видовме сиве овие играчки Годзила и си помислив: 'Ни треба сопствено американско чудовиште, а не како Кинг-Конг. Го сакам Кинг-Конг — прекрасен е. А Годзила е неверојатно чудовиште. Го сакаме Годзила, но сакав нешто што е лудо и бурно'“.[2][3]

Наводи

уреди
  1. CLOVERFIELD (15)“. British Board of Film Classification. January 4, 2008. Посетено на June 29, 2013.
  2. Billington, Alex (2007-07-26). „Comic-Con Live: Paramount Panel - Star Trek, Indiana Jones IV, and More...“. First Showing. Архивирано од изворникот на 2007-11-23. Посетено на 2007-09-17.
  3. „J. J. Abrams talks Cloverfield. moviesonline.ca. Movies Online. Архивирано од изворникот на 2008-02-18. Посетено на 2008-03-08.

Надворешни врски

уреди