Климатски промени во Нов Зеланд
Климатските промени во Нов Зеланд вклучуваат историски, сегашни и идни промени во климата на Нов Зеланд; и придонесот и одговорот на Нов Зеланд на глобалните климатски промени. Нов Зеланд има релативно уникатен профил на емисии. Во 2022 год. земјоделството придонело со 53 проценти од вкупните бруто емисии; енергија, 37 проценти; индустрија, 6 проценти; отпад, 4 проценти.[1] Врз основа на најновите достапни податоци за залихите за 2022 год. бруто емисиите на Нов Зеланд по глава на жители биле над просекот за развиените земји.[1] Во другите земји од Анекс1 на Протоколот од Кјото, земјоделството обично придонесува со околу 12 проценти од вкупните емисии.[2]
Помеѓу 1990 год. и 2022 год. емисиите на јаглерод диоксид во Нов Зеланд се зголемиле за 24проценти; метан за 2 проценти; и азот субоксид за 35 проценти. Вкупниот број на сите комбинирани флуорирани гасови е зголемен за 87проценти.[1]
Шемата за тргување со емисии на Нов Зеланд, која стапила на сила во 2010 год. имала за цел да обезбеди механизам кој ги охрабрува различните сектори од економијата да ги намалат своите емисии на стакленички гасови. Можеби донекаде го забавиле зголемувањето. Помеѓу 2007 год и 2017 год. вкупните национални емисии се намалиле за 0,9 проценти, како одраз на растот на производството на обновлива енергија.[3] Сепак, помеѓу 2016год. и 2017 год. бруто емисиите на Нов Зеланд скокнале за 2,2 проценти со што вкупното зголемување на емисиите на стакленички гасови помеѓу 1990год. и 2017 год. на 23,1 проценти.[4]
Десет најголеми загадувачи
уредиДесетте компании кои емитуваат најмногу стакленички гасови во Нов Зеланд , Зи Енерџи, Ер Њу Зеланд, Метанекс, Марсден Појнт Ојл Рафинерија, БП, Ексон Мобил, Џенесис Енерџи Лимитед,Контакт Енерџи и Флечер Билдинг. Овие компании испуштаат околу 54,5 м тони јаглерод диоксид секоја год. повеќе од две третини од вкупните емисии на Нов Зеланд.[5].
Галерија
уреди-
Нов Зеланд емисии на стакленички гасови од воздухопловството
-
Емисиите на стакленички гасови на Нов Зеланд од 1990 година
-
Емисиите на стакленички гасови на Нов Зеланд проектирани и актуелни од 1990 до 2030 година.
-
Бруто емисиите на стакленички гасови на Нов Зеланд по глава на жител во споредба со Обединетото Кралство, Европа, Кина, светскиот просек, Индија и Африка
-
Измерени варијации во позицијата на завршетоците на Глечерите на Лисицата, Франц Јозеф и Слоновата Коска, 1870 до 1988 година.[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 New Zealand's Greenhouse Gas Inventory 1990–2022 snapshot, Ministry for the Environment, 18 April 2024
- ↑ „How New Zealand compares to other countries“. Ministry for the Environment. 15 April 2021. Архивирано од изворникот на 2023-10-02. Посетено на 17 January 2022.
- ↑ Greenhouse gas emissions have barely budged in a decade, new data shows Stuff, 27 June 2019
- ↑ Rising NZ emissions sparks call for transport crackdown, NZ Herald 11 April 2019
- ↑ NZ's biggest greenhouse gas emitters and their struggle to pollute less, Stuff, 26 July 2019
- ↑ Chinn, Trevor.J. (1989). Williams, R.S.; Ferrigno, J.G. (уред.). Glaciers of New Zealand. U.S. Geological Survey Professional Paper 1386-H. U.S. Geological Survey. стр. 48. ISBN 978-0-607-71457-9. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2024-10-12.
Литература
уреди- „Our Climate Your Say: Consultation on the Zero Carbon Bill“. Ministry for the Environment. June 2018. Архивирано од изворникот на 2021-03-02. Посетено на 2024-10-12.
- Peterson, Dana Rachelle (5 September 2001). „The greenhouse effect and climate change: a resource document for New Zealand MPs“ (PDF). Background paper no 24. NZ Parliamentary Library.
- Gray, Vincent (2002). The Greenhouse Delusion: A Critique of "Climate Change 2001". Multi-Science Publishing Co. Ltd. ISBN 978-0-906522-14-1.
- Renowden, Gareth (2007). Hot Topic – Global Warming & The Future of New Zealand. AUT Media. ISBN 978-0-9582829-0-1.
- Dorfman, Eric, уред. (2008). Melting point: New Zealand and the climate change crisis. Penguin. ISBN 978-0-14-300868-2.
- Morgan, Gareth; John McCrystal (2009). Poles Apart: Beyond the shouting, who's right about climate change?. Random House.
- Wishart, Ian (2009). Air Con: The Seriously Inconvenient Truth About Global Warming. Howling At The Moon Publishing. ISBN 978-0-9582401-4-7.