Климатски промени во Нов Зеланд

Климатските промени во Нов Зеланд вклучуваат историски, сегашни и идни промени во климата на Нов Зеланд; и придонесот и одговорот на Нов Зеланд на глобалните климатски промени. Нов Зеланд има релативно уникатен профил на емисии. Во 2022 год. земјоделството придонело со 53 проценти од вкупните бруто емисии; енергија, 37 проценти; индустрија, 6 проценти; отпад, 4 проценти.[1] Врз основа на најновите достапни податоци за залихите за 2022 год. бруто емисиите на Нов Зеланд по глава на жители биле над просекот за развиените земји.[1] Во другите земји од Анекс1 на Протоколот од Кјото, земјоделството обично придонесува со околу 12 проценти од вкупните емисии.[2]

Запис за атмосферски јаглерод диоксид од Баринг Хед, Велингтон од 1977 година до денес.

Помеѓу 1990 год. и 2022 год. емисиите на јаглерод диоксид во Нов Зеланд се зголемиле за 24проценти; метан за 2 проценти; и азот субоксид за 35 проценти. Вкупниот број на сите комбинирани флуорирани гасови е зголемен за 87проценти.[1]

Шемата за тргување со емисии на Нов Зеланд, која стапила на сила во 2010 год. имала за цел да обезбеди механизам кој ги охрабрува различните сектори од економијата да ги намалат своите емисии на стакленички гасови. Можеби донекаде го забавиле зголемувањето. Помеѓу 2007 год и 2017 год. вкупните национални емисии се намалиле за 0,9 проценти, како одраз на растот на производството на обновлива енергија.[3] Сепак, помеѓу 2016год. и 2017 год. бруто емисиите на Нов Зеланд скокнале за 2,2 проценти со што вкупното зголемување на емисиите на стакленички гасови помеѓу 1990год. и 2017 год. на 23,1 проценти.[4]

Десет најголеми загадувачи

уреди

Десетте компании кои емитуваат најмногу стакленички гасови во Нов Зеланд , Зи Енерџи, Ер Њу Зеланд, Метанекс, Марсден Појнт Ојл Рафинерија, БП, Ексон Мобил, Џенесис Енерџи Лимитед,Контакт Енерџи и Флечер Билдинг. Овие компании испуштаат околу 54,5 м тони јаглерод диоксид секоја год. повеќе од две третини од вкупните емисии на Нов Зеланд.[5].

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 New Zealand's Greenhouse Gas Inventory 1990–2022 snapshot, Ministry for the Environment, 18 April 2024
  2. „How New Zealand compares to other countries“. Ministry for the Environment. 15 April 2021. Архивирано од изворникот на 2023-10-02. Посетено на 17 January 2022.
  3. Greenhouse gas emissions have barely budged in a decade, new data shows Stuff, 27 June 2019
  4. Rising NZ emissions sparks call for transport crackdown, NZ Herald 11 April 2019
  5. NZ's biggest greenhouse gas emitters and their struggle to pollute less, Stuff, 26 July 2019
  6. Chinn, Trevor.J. (1989). Williams, R.S.; Ferrigno, J.G. (уред.). Glaciers of New Zealand. U.S. Geological Survey Professional Paper 1386-H. U.S. Geological Survey. стр. 48. ISBN 978-0-607-71457-9. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2024-10-12.

Литература

уреди