Клауд рап
Клауд рапот е поджанр на рапот кој има неколку звучни карактеристики на трап музиката и е познат по својот опуштен стил на продукција.[1][2] Раперот Лил Б и продуцентот Кламс Казино се идентификувани како раните пионери на стилот.[1][2] Интернет терминот „клауд рап“ потекнува од етеричниот стил.[3]
Потекло
уредиКлауд рапот првично излeгол од Атланта, Хјустон и Мемфис во доцните 2000-ти.[4] Терминот „Клауд рап“ популарно се користи во однос на лоу-фај, хејзи рап.[1]
Елементите на клауд рапот, како лоу-фај и сонливите атмосфери, може да се слушнат уште во 2001 година со истоимениот албум на Клаудед . Подоцна во 2006 година, повеќе градежни блокови, како што се магливите и опуштени звуци, може да се најдат во вториот албум на Вајпер, Ready и ... (мак: Волни).[5] Некои го припишуваат терминот на раперот Лил Б. Во една статија од 2009 година, музичкиот писател Ноз напишал дека раперот Лил Б му покажал CGI слика на замок во облаците и рекол „таков вид на музика сакам да правам“, припишувајќи му на Лил Б за измислувањето на терминот.[1] Продуцентот Кламс Казино, исто така, е заслужен за пионерството на клауд-рап звукот уште во 2010 година преку соработката со Лил Б.[2]
Терминот се користел и во компилацијата на песни на блогот Спејс Ејџ Хасл, 3 години напред: Клауд Рап Тејп (анг: The Cloud Rap Tape).[1] Компилацијата се состои од песни кои спаѓаат во жанрот на клауд рап.[1] Жанрот привлекол мејнстрим внимание во 2011 година со деби микстејпот на раперот ASAP Rocky, Лив, Лав, ЕјСЕП (анг: Live. Love. ASAP).[6]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „The FACT Dictionary: How dubstep, juke and cloud rap got their names“. FACT Magazine (англиски). July 10, 2013. Посетено на October 29, 2020.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Collect This Rare Clams Casino and Lil B Interview About the New Clams Casino Album '32 Levels'“. www.vice.com (англиски). June 3, 2016. Посетено на October 29, 2020.
- ↑ . Karlstad University, Karlstad, Sweden. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „What happened to the hip-hop micro-genre cloud rap?“. Red Bull (англиски). April 5, 2018. Посетено на October 7, 2023.
- ↑ Sunbleach (January 2017). „Chamber 38 releases "You'll Cowards Don't Even Smoke Crack" by Viper – Sunbleach ☀“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-09-26. Посетено на October 7, 2023.
- ↑ „Cloud Rap: The Spacey, Cyber-Born Hip-Hop Subgenre“. Highsnobiety (англиски). June 25, 2015. Посетено на October 29, 2020.