Кирли амам (Банско)
Кирли амам — поранешен амам кој се наоѓал во селото Банско, Општина Струмица.
Кирли амам | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | амам |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Банско, Општина Струмица |
Земја | Македонија |
Почната | 19 век |
Амамот бил изграден на западниот дел од селото јужно од старата црква Св. 40 Севастиски маченици и турбето на Меси Беј. Според колективната меморија на жителите од селото со исламска вероисповед, бањата била изградена како семеен амам од богатиот турчин Меси Бег најверојатно во 19 век кои според легендата имал голем имот. Овој бег заради своето богатство бил прочуен, но по повикот од турската власт бил повикан во Цариград поради не давањето објаснување за своето богатство бил убиен.
Амамот има квадратна основа и е со димензии 9х9 метри. Ѕидовите се со дебелина од 90 см, а влезот е со висина од 1,70 см. ширина 80 см. е поставен на северниот ѕид. Внатрешноста е во многу лоша состојба, но сепак видливо е за оплеменување на ентериерот се користени сина, црвена боја сина за куполата и црвена за под куполата.
Градењето на објектот било извршено со грубо обработен камен вар и тула. Во ентериерот поради обрушените делови од куполата не е можно да се видат функционални елементи, но северно главниот ѕид видлива е вентилацијска цевка тубус од печена земја. Куполата лежи врз лакови кои се изведени пластично од печена тула и се нагласени. Амамот зафака површина од 81 метар, а ѕидовите сочувани во висина од 9 метри. Поради оддалеченоста од термалните извори амамот користел загреана вода од блискиот извор – Бабјак, а на оваа упатуват обрушените делови од архитектура која била во состав на амамот северо – западно од влезот[1].
Наводи
уреди- ↑ ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – СТРУМИЦА (2014). ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ВО СПОМЕН НА ЕМИЛИЈА ПЕТКОВСКА.