Кирил (кратер)
Кирил (латински: Cyrillus) — месечев кратер сместен на северозападниот крај на Морето на Нектарот. Наречен по црковниот отец Кирил Александриски — коптски Александриски патријарх и богослов од IV век.[1] Во северозападниот раб се издава малку поголемиот и помлад кратер Теофил. На југ лежи друг значаен кратер, наречен Катарина. Овие три кратери заедно сочинуваат забележителна тројка во југоисточниот четириаголник на Месечината. На северозапад е кратерот Ибн-Рушд.
Кратерот Кирил | |
Координати | 13°12′S 24°00′E / 13.2° ЈГШ; 24.0° ИГД |
---|---|
Пречник | 98 км |
Длабочина | 3,6 км |
Кодолжина | 335° на изгрев |
Наречен по | Кирил Александриски |
Тлото на Кирил содржи намален средиштен рид и забележливиот кратер Кирил A. Ѕидовите на растурената образба на Кирил се недопрени сè до неговиот пресек со Теофил.[2] Малку посевероисточно од неговото средиште се издигаат три заоблени планини, над 1.000 од тлото на кратерот: Кирил Алфа, Делта и Ета.[3]
Придружни кратери
уредиНа картите овие кратери по договорен обичај се бележат со буква околу главниот кратер (Кирил).[4]
Кирил | Ширина | Должина | Пречник |
---|---|---|---|
A | 13,8° Ј | 23,1° И | 17 км |
C | 12,3° Ј | 21,5° И | 12 км |
E | 15,8° Ј | 25,3° И | 11 км |
F | 15,3° Ј | 25,5° И | 44 км |
G | 15,6° Ј | 26,6° И | 8 км |
Следниве кратери се преименувани од Меѓународниот астрономски сојуз.
- Кирил B — погл. кратерот Ибн-Рушд.
-
Кирил A гледан од „Аполо 14“
-
Кирил E гледан од „Аполо 14“
-
Кирил G гледан од „Аполо 14“
Наводи
уреди- ↑ „Кирил (кратер)“ — Поимник на планетарната номенклатура, Астрогеолошки истражен програм на Геодетската служба на САД (англиски)
- ↑ Moore, Patrick (2001). On the Moon. Sterling Publishing Co.. ISBN 0-304-35469-4. p. 81, 209
- ↑ Grego, Peter (2005). Moon Observer's Guide. Springer. ISBN 1-85233-748-6. p. 207
- ↑ Bussey, B.; Spudis, P. (2004). The Clementine Atlas of the Moon. New York: Cambridge University Press. ISBN 0-521-81528-2.