Кире Филов
Кире Филов припаѓа на младата генерација македонски историчари и архивисти. Роден е на 6 април 1981 година. Основно и средно образование завршил во родниот Штип. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја. Во 2004 се запишува на последипломски студии на истиот факултет и во 2008 година ја одбранил магистерската тема под наслов „Економските и политичките промени во Штип и штипско низ архивската документација 1944-1946 година“ и се стекна со научен степен магистер на историски науки и архивистика. Во 2009 година се запишува на докторски студии на Институтот за национална историја во Скопје. Во моментот работи на својата докторска тема „Емануел Мане Чучков, живот и дело“. Учествува во неколку меѓународни проекти, семинари и симпозиуми. Член е на Здружението на историчарите на Република Македонија и на Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија. Во моментот работи на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, на Факултетот за образовни науки, катедра за општествени и хуманистички науки.
Објавени дела
уреди- „Економските и политичките промени во Штип и штипско низ архивската документација 1944-1946 година“, НУ-Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“, Штип, 2011;
- „Развојот на просветната дејност во Штип пред, за време и по Јосиф Ковачев“ Универзитет Гоце Делчев, годишен зборник на Институт за историја и археологија, Год. 2, Штип, 2011;
- „Интервју со Џонатан Еван Зохар, проект менаџер на Еуроклио“, Македонска Ризница, број 5, декември 2012, ISSN 1857-8314