Киргистански нереди 2010

Киргистанските немири од 2010 година претставуваат востанија кои се случиле во Киргистан. Немирите произлегуваат од растечкиот гнев против владата и претседателот Курманбек Бакиев. Демонстрантите ја презеле владината зграда во Бишкек на 6 април и на 7 април.

Киргистански нереди 2010
МестоКиргистан
Датум3 април 2010 –
Мртви83[1]
Повредени1,000+[2][3]
Број5,000 демонстранти[4]

Причини и тек

уреди

На 6 април 2010 година околу 200 лица се собрале пред седиштето на главната опозициска партија во Бишек, при што реагирала најпрвин полицијата и ги растргнала демонстрантите. Судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Бишек избиле ден по немирите во градот Талас, каде демонстрантите барале оставка од претседателот Курманбек Бакиев, кој на власт дошол во 2005 година откако неговиот претходник Аскар Акаев, бил соборен од власта со насилни демонстрации. Демонстрантите во Талас, град на северозапад на Киргистан, ја зазеле зградата на регионалната управа и неколку часа како заложник го држеле гувернерот Бајшен Болотбеков. По ова, премиерот на Киргистан Даниар Усенов прогласил вонредна состојба на територијата на целата земја. На 7 април 2010 година, киргистанскиот министер за внатрешни работи Молдомуса Конгантиев бил убиен од страна на бунтовниците.[5]

Според последните информации, досега во немирите најмалку 74 лица се убиени, а над 500 се повредени.[2][6][7] Исто така била објавена и веста дека претседателот Бакиев побегнал од престолнината со неговиот приватен авион кон јужниот дел од земјата, и дека водачите на опозицијата формално ја формирале новата влада предводена од поранешниот министер за надворешни работи Роза Отунбајева.[8][9]

Претседателот Бакиев се засолнил во селото Маркај каде основал воен штаб.[10] по кое се појавил во Јалалабад, каде дал интервју за Би Би Си[11], а во меѓувреме се појавил и на најпопуларната киргистанско мрежно место 24.kg на која изјавил дека нема намера да ја напушти претседателската функција. Во престолнината опозицијата успеала да го воспостави јавниот ред и мир. Според тамошниот министер за внатрешни работи, за првпат жртвите не биле убиени од страна на ограбувачи, туку само 67 лица биле ранети од огнено оружје.[12]. Без разлика на оваа изјава, сепак во северниот дел на градот имало случаи на грабење на туристи или месно население.[13]

Сепак одлуката на Роза Отунбајева од 8 април 2010 година за распуштање на парламентот ја оставила земјата без легално собрание, Изјавите на опозицијата дека во рок од шест месеци ќе биде изгласен нов устав не се легални бидејќи единствено распуштената влада би можела да презема такво решение. Новите закони можат да бидат изгласени само од распуштениот парламент, додека пак новата влада може да биде изгласена само претседателот кој засега истото го одбива, неговиот заменик кој моментално не се наоѓа во земјата, или пак премиерот којшто позицијато го присилила да поднесе оставка. Моментално во земјата не постои ниту парламент ниту влада. Голем број на иследувачи сметаат дека земјата се наоѓа пред прагот на граѓанска војна.[14]

Наводи

уреди
  1. http://www.nytimes.com/aponline/2010/04/15/world/AP-AS-Kyrgyzstan.html?_r=1&ref=global-home[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 „Kyrgyz provisional authorities dismiss parliament, take over from president, govt.; 74 killed in protests“. 2010-04-08. Посетено на 2010-04-08.
  3. http://www.cbc.ca/world/story/2010/04/09/kyrgyzstan-mourn.html
  4. The Economist: Tear gas, not tulips: An uprising watched throughout Central Asia, with implications for Russia and America, dated Apr 8th 2010
  5. http://daily.mk/Kirilica/Protesti-vo-Kirgistan,-ubien-ministerot-za-vnatreshni-raboti/192454 Протести во Киргистан, убиен министерот за внатрешни работи
  6. Leonard, Peter (7 април 2010). „Kyrgyzstan opposition forms own new government“. Associated Press. Архивирано од изворникот 2010-04-11. Посетено на 2010-04-09.
  7. „Focus-Fen“. Архивирано од изворникот на 2012-11-23. Посетено на 2010-04-09.
  8. Levy, Clifford (7 април 2010), „Opposition Claims Control in Kyrgyzstan“, New York Times
  9. Opposition Claims Control in Kyrgyzstan, CNN, 7 април 2010
  10. За кого Киргизия
  11. Kyrgyzstan holds funeral ceremonies for protest victims
  12. Бишкек подметает следы
  13. Resorts in Issyk-Kul undergo assault of marauders[мртва врска]
  14. „Kadyr Malikov: the threat of civil war seems real in Kyrgyzstan“. Архивирано од изворникот на 2010-04-13. Посетено на 2010-04-17.