Кипарски џуџест нилски коњ

Кипарски џуџест нилски коњ

Период: плеисотцен до холоцен
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Artiodactyla
Семејство: Hippopotamidae
Род: Hippopotamus
Вид: H. minor
Научен назив
Hippopotamus minor
Desmarest, 1822[1]

Кипарскиот џуџест нилски коњ (Hippopotamus minor) е изумрен вид на нилски коњ кој го населувал островот Кипар до почетокот на холоценот.

Овој 200 кг тежок нилски коњ бил со слична големина како и пигмејскиот нилски коњ. За разлика од денешниот пигмејски нилски коњ, се смета дека овој вид ја добил својата големина преку процесот на инсуларна еволуција која е последица на ограничениот простор (најчесто острови) на кои нема многу голем генетски диверзитет меѓу единките. Истиот еволуциски процес се забележува и кај џуџестите слонови и пигмејските мамути. Кипарскиот џуџест нилски коњ се проценува дека бил висок 76 сантиметри и долг 121 сантиметар[2].

Во времето кога овој вид изумрел пред 11 000-9 000 години, кипарскиот џуџест нилски коњ бил најголемото животно на островот Кипар. Овој хербивор се смета дека немал природни грабливци[3].

Некои археолошки места на Кипар не снабдуваат со докази кои укажуваат на тоа дека овој вид можно е да бил истребен од првите луѓе кои го населувале овој остров[4].

Сличен вид е и критскиот џуџест нилски коњ, кој живеел на островот Крит за време на плеистоценот.

Наводи

уреди
  1. · Desmarest, A.G., 1822. Mammalogie ou description des espèces de mammifères. Mme Veuve Agasse imprimeur édit., Paris, 2ème part., pp.277-555.
  2. (англиски)Hadjicostis, Menelaos (6 декември 2007). „Dwarf Hippo Fossils Found on Cyprus“. Fox Television. The Associated Press. Архивирано од изворникот на 2009-02-11. Посетено на 2007-12-06.
  3. (англиски)Burness, Gary P. and Jared Diamond, and Timothy Flannery, "Dinosaurs, dragons, and dwarfs: The evolution of maximal body size," Proc Natl Acad Sci U S A. 2001 Nov 27 In PDF
  4. (англиски)The earliest prehistory of Cyprus from colonization to exploitation, ed. Swiny, Stuart, American Schools of Oriental Research, 2001, In PDF Архивирано на 28 септември 2007 г.