Кинолошки клуб (Обединето Кралство)
Кинолошкиот клуб (изворно: The Kennel Club) - официјален кинолошки клуб на Обединетото Кралство. Тоа е најстарата признаена одгледувачница во светот. Неговата улога е да ги надгледува разните активности на кучиња, вклучувајќи емисии со кучиња, агилност на кучиња и работни испитувања. Исто така, работи со националниот регистар на кучиња со педигре во Обединетото Кралство и делува како лоби-група за прашања што ги вклучуваат кучињата во Обединетото Кралство. Нејзиното седиште е на улицата Кларџ во Мејфер, Лондон, со деловни канцеларии во Ејлсбери.
Кратенка | KC |
---|---|
Основана | 1873 |
Вид | Кинолошко здружение |
Седиште | Лондон |
Регион | Обединето Кралство |
Службени јазици | Англиски |
Мреж. место | thekennelclub.org.uk |
Системот за регистрација на кинолошкиот клуб ги дели кучињата во седум групи на раси. Групите за одгледувалишта се: група на загари, група на работници, група на териери, група на ловци, група на овчари, група на услужители и група на миленици.[1] Од 2020 година, Кинолошкиот клуб препознава 218 раси на кучиња.[2]
Кинолошкиот клуб издава лиценци за емисии низ целото Обединетото Кралство, но единственото шоу за кучиња што навистина го организира е „Crufts“. Шоуто се одржува од 1928 година и привлекува натпреварувачи од целиот свет. Се одржува секој март во НЕЦ, Бирмингем, и вклучува помалку формално претставување на емисијата Скруфтс за кучиња со вкрстени и мешани раси. Кинолошкиот клуб секоја есен го одржува и настанот „Discover Dogs“ во Лондон.
Кинолошкиот клуб бил основан во 1873 година откако Севалис Е. Ширли се фрустрирал обидувајќи се да организира претстави за кучиња без постојан пакет правила. Од првото шоу за кучиња во 1859 година, изложбите станаа сè попознати. Ширли бил наведен како изложувач на „Лисичји териери“ на шоуто на Бирмингем друштво на кучешки саеми во 1865 година. Заедно со група на други господа, тој ја организирал Првата голема изложба на натпреварувачки и други кучиња што била одржана во Кристал Палас во јуни 1870 година. Шоуто не донело финансиски успех и организаторите мораа да ја надоместат загубата.[3][4]
Crufts
уредиПрвото успешно годишно шоу за сите раси на кучиња било сторено од Чарлс Круфт во 1891 година. Тој ја изнел изложбата „Crufts“ цели 45 години, сè до неговата смрт во 1938 година. Неговата вдовица Ема ја продолжила изложбата за уште четири претстави. Потоа го продала на Кинолошкиот клуб, бидејќи се чувствувала неспособна да посвети време за водење на толку голем зафат и сакала да го овековечи наследството на нејзиниот сопруг. За време на Втората светска војна не се оддржале никакви претстави. Првата претстава што ја одржало Кинолошкото друштво било во 1948 година во Олимпија, Лондон. Шоуто за првпат било емитувано на телевизија од БиБиСи во 1950 година.
Саемот се преселил во Ерлс Корт во 1979 година, каде што останал сè додека не ја прославил својата стогодишно издание во 1991 година во Националниот изложбен центар во Бирмингем, каде сè уште се одржува. Од првично прикажување на изложба на чистокрвни кучиња, таа се проширила со текот на годините и сега вклучува повеќе други кучешки дисциплини како што се послушност, агилност и враќање топче.[5]
Наводи
уреди- ↑ Stathers, Kath (17 март 2017). „How breed origin and characteristics can help explain dog behaviour“. The Telegraph. Location. Посетено на 28 јануари 2021.
- ↑ „KC Breed Standards“. The Kennel Club. Архивирано од изворникот на 2013-06-15. Посетено на 28 јануари 2021.
- ↑ Oliver (1998): pp. 27, 28
- ↑ Foss, Valerie. „Is this the first show winner?“. Dog World (newspaper). Архивирано од изворникот на 9 ноември 2013. Посетено на 28 јануари 2021.
- ↑ „History of Crufts“. Посетено на 28 јануари 2021.