Кибуц
Кибуц (хебрејски: קִבּוּץ) — земјоделска комуна во Израел што се одликува со заедница на сопственост и еднаквост во трудот и потрошувачката. Кибуците одиграле важна улога во создавањето на Израел и во ционистичкото движење, и првично биле под силно влијание на социјалистичките идеи. Денес, земјоделското производство во кибуците е надополнето со други стопански гранки, од индустриски плантажи до високотехнолошко производство. Помалку од пет проценти од Израелците живеат во кибуци.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ Sivak, Jacob (19 July 2020). „The kibbutz is Israel's original start-up“. The Forward.
- ↑ Peres, Judy (9 May 1998). „In 50 years, kibbutz movement has undergone many changes“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот на 17 October 2007.
Надворешни врски
уреди„Кибуц“ на Ризницата ? |
- About the Kibbutz at GoIsrael.gov.il Архивирано на 21 јули 2011 г.
- List of Kibbutzim at Kibbutzim.net