Керол Ен Дафи (23 декември 1955, Глазгов) — британска[1] поетеса и драматург. Таа е професорка по современа поезија на Универзитетот Манчестер Метрополитен и била назначена за поет лауреат во мај 2009 година,[2] а во 2019 година поднела оставка. Таа е првата жена, првиот поет роден во Шкотска и првиот познат ЛГБТ поет што бил на оваа позиција.[3]

Златен венец Керол Ен Дафи
Carol Ann Duffy
РоденКерол Ен Дафи
23 декември 1955
Глазгов, Шкотска
Алма матерУниверзитет Манчестер Метрополитен

Животопис

уреди

Керол Ен Дафи е родена во римокатоличко семејство во Горбалс,[4] кој се смета за сиромашен дел од Глазгов. Мајка ѝ била Мери (моминско Блек), а татко Френк Дафи, електромонтер.[5] Родителите на нејзината мајка биле Ирци, а нејзиниот татко имал баба и дедо од Ирска.[4] Таа е најстара од петте деца. Семејството се преселило во Стафорд, Англија, кога Дафи имала шест години. Нејзиниот татко работел за Инглиш електрик (English Electric). Како синдикалец, тој неуспешно бил кандидат за пратеник на Лабуристичката партија во 1983 година, покрај управувањето со фудбалскиот клуб Стафорд.[5]

Дафи се школувала во Стафорд во основното училиште Сент Остин (1962–1967), во манастирското училиште Свети Џозеф (1967–1970) и во средното женско училиште Стафорд (1970–1974). Нејзиниот книжевен талент бил поттикнат од двајца професори по англиски јазик, Џун Скривен во Сент Џозеф и Џим Вокер во женското училиште Стафорд.[5] Таа била страсна читателка од рана возраст и отсекогаш сакала да биде писателка, почнала да твори песни од 11-годишна возраст.

На 16-годишна возраст, Дафи започнала врска со поетот Адријан Хенри, која траела до 1982 година.[6] Дафи подоцна ја запознала поетесата Џеки Кеј, со која имала 15-годишна врска.[6][7] За време на нејзината врска со Кеј, Дафи ја родила ќерката Ела (родена 1995 година), чиј биолошки татко е нејзиниот колега, поетот Питер Бенсон.[6][8]

Римокатоличко воспитувана од нејзините родители, Дафи станала атеист кога имала 15 години. Сепак, таа зборувала за влијанието што нејзиното религиозно воспитување го имало врз нејзината поезија, изјавувајќи: „Поезијата и молитвата се многу слични“.[9]

Таа е отворено лезбејка.[10]

Во 2021 година го добила Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.[11]

Наводи

уреди
  1. Forbes, Peter (31 August 2002). „Profile: Carol Ann Duffy“. Посетено на 30 October 2019.
  2. „Prof Carol Ann Duffy“. Manchester Metropolitan University. Архивирано од изворникот на 10 May 2013. Посетено на 2 November 2009.
  3. „Entertainment | Duffy reacts to new Laureate post“. BBC News. 1 May 2009. Посетено на 17 July 2016.
  4. 4,0 4,1 „Carol Ann Duffy (b. 1955)“. Scottish Poetry Library. Посетено на 26 March 2015.
  5. 5,0 5,1 5,2 Forbes, Peter. "Winning Lines" Архивирано на {{{2}}}., The Guardian, 31 August 2002.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 7 October 2011. Посетено на 2011-10-04.
  7. Brown, Helen (5 June 2010). „Jackie Kay: Interview“. Посетено на 16 February 2018.
  8. Preston, John (11 May 2010). „Carol Ann Duffy interview“. Посетено на 16 February 2018.
  9. Anderson, Hephziba (4 December 2005). „Christmas Carol“. Посетено на 30 January 2019.
  10. „About Carol Ann Duffy“. The Poetry Foundation. 18 March 2003. Посетено на 2 June 2020.
  11. „Наградени поети“. СВП. Архивирано од изворникот на 2022-01-02. Посетено на 2 јануари 2022.

Надворешни врски

уреди