Кератодермии
Кератодермии се заболувања што настануваат со задебелување на рожестиот слој на епидермата.
Кератодермии | |
---|---|
Специјалност | Дерматологија, Медицинска генетика |
Кератодермии
уредиКератодермии се заболувања што настануваат со задебелување на рожестиот слој на епидермата. (хиперкератоза). Се делат на:
- стекнати
- наследни
Стекнати кератодермии
уредиКлавус (clavus) е органичено, жолтеникаво задебелување на кожата, со потемно централно хиперкератотично јадро во форма на конус или на трн, со врв кој допира до нервните завршетоци на дермисот. На површината е присутно благо лупење и црвенило на околната кожа. Директен притисок на јадрото одозгора предизвикува болка, која се засилува во услови нна зголемена влажност. Бидејќи промената е многу болна, одењето е отежнато. Настануваат поради притисок или триење кое подолго време се повторува главно поради носење тесни чевли или поради ортопедски деформации на стапалото.
Клавусите на стапалото се класифицираат како:
- дигитални, цврсти клавуси со локалозација на дорзалната страна на прстите на нозете (најчесто на малиот прст)
- интердигитални, меки клавуси (најчесто помеѓучетвртиот и интердигитален простор) кои во услови на потење и влага се многу болни и секундарно можат да се инфицираат со габички и бактерии
- плантарни клавуси на долната страна на стапалата
Клавусот треба да се разликува од брадавици на стапалата(verrucae plantares). Ако со скалпел се симмнува слој по слој од клавусот, тој не крвари, а при истата постапка кај брадавиците со јавува крварење.
Калусот (callus) е дифузно задебелување на кожата со жолтеникава или кафена боја, кое постепено преоѓа во околната непроменета кожа. Причини за негово појавување се механички притисок и триење на кожата. Клаусите се јавуваат кај:
- одредени професии, како на пример на дланките од физичките работници, на усните од трубачите
- кај луѓе што одат боси
- при носење одредена облека (специјални капи кај калуѓерки кои предизвикуваат хиперкератоза на усните школки, носење специјални чевли кај хендикепирани лица)
- луѓе со ортопедски деформации на стапалата шптенцирани со носење неадекватни чевли
Често на површината на клаусот се јавуваат пукнатини (рагади). Појавата на фисури на површината на калусите и нестерлните манипулации за отстранување на клавусите можат да доведат до компликации како влезна врата на инфекции, особено кај пациенти со дијабетис.
Терапија на клавус и на клаус
уреди- апликација на кератолитички средства(10-20% салицил во вазелин како маст или специјални фластери)
- омекнување на хиперкератозата со 20-минутно киснење во топла вода, а потоа лупење на нејзините слоеви (киретажа)
- отстранување на централното јадро на клавусот, по потреба и со локална анестезија
- совет за нега на стапалата и користење козметички препарати и шмиргли по киснење во топла вода еднаш неделно
- совет за носење адекватни чевли(меки, широки) и консулации со ортопед
Наследни кератодерми
уредиIchthyosis vulgaris е заболување кое е наследно и се манифестира со појава на повеќе или помалку изразени рожести лушпи на површината на кожата.
Клиничка слика
уредиСе јавува кај мали деца и трае во текот на целиот живот. Покрај појавата на лушпи на непроменетата кожа, се јавува и намалена секреција на лијните и на потните жлезди, промени на ноктите и проретченоста на косата. Лушпите се јавуваат по целото тело, а задолжително на предилекционите места- надворешната страна на рацете и на нозете, особено на колената, лактите и трупот. За ова заболување е карактеристично тоа што промените не се јавуваат во аксиларните, кубиталните и поплитеалните јами, што е голема важност за разликување на оваа наследна кератоза од многуте ихтиози. Во зависност од количината на лушпите, се разликуваат повеќе клинички облици на ова заболување. Постојат облици кај кои кожата е многу сува у уна ситно, брашнесто, перутење, како и облици каде што кожата има дебели лушпи кои сеспроведуваат со кожа на змија, риба или на крокодил.
Терапија
уредиТерапијата може само да ги ублажи промените, но не и целосно да ги излечи. Задебелениот рожест слој се размекнува во када со топла вода, а потоа се аплицираат индиферентни масти или масла. Кај изразито дебели лушпи привремено треба да се аплицираат масти со кератолитици (5-10% маст со салицилна киселина).
Надворешни врски
уредиОваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |