Кенткаус I
Кенткаус I, исто така нарекувана Кенткавес, била кралска жена која живеела во древниот Египет за време на Четвртата и Петтата династија. Можеби била ќерка на кралот Менкауре, сопруга на кралот Шепсескаф и кралот Усеркаф (основачот на Петтата династија), мајка на кралот Сахуре,[1] и можеби, според своите наследни права, крал на Горен и Долен Египет. Нејзината мастаба во Гиза - гробот LG100 - се наоѓа многу блиску до пирамидалниот комплекс на Менкауре. Оваа блиска врска може да укаже на семеен однос, но односот не е јасен. Сепак, близината на пирамидалниот комплекс на Кенткаус до онаа на кралот Менкауре доведе до претпоставка дека можеби била негова ќерка.[2]
Живот
уредиНејзиниот погребен комплекс го потврдува кралскиот статус на Кенткаус. Се чини дека служела како регент и можеби ја презела титулата крал. Некои од нејзините титули се двосмислени и очигледно, се отворени за толкување. Кенкаус можеби била во брак со фараонот Усеркаф и можеби била мајка на Сахуре и Нефериркаре Какаи.[3]
Вернер изјавил дека е поверојатно дека Сахуре бил син на Усеркаф и неговата сопруга Неферхетепес. Тој, исто така, сугерирал дека Кенткаус била мајка и регент за нејзиниот син Тамптис и мајка на Нефериркаре Какаи.[4]
Кралскиот список на Манетон ги има Менкауре и Тамптис кои владеат во четвртата династија, што ја поврзува Кенткаус со крајот на четвртата династија.[5] Претпоставките дека била во брак со Усеркаф и дека била мајка на Сахуре, ја врзуваат и за петтата династија.
Наводи
уреди- ↑ Michael Rice: Who is who in Ancient Egypt, Routledge London & New York 1999, ISBN 0-203-44328-4, see p. 96
- ↑ Hassan, Selim. Excavations at Gîza IV. 1932–1933. Cairo: Government Press, Bulâq, 1930. pp 18-62
- ↑ Aidan Dodson & Dyan Hilton, The Complete Royal Families of Ancient Egypt, Thames & Hudson (2004), pg 68
- ↑ Verner, Miroslav. "Further Thoughts on the Khentkaus Problem." Discussions in Egyptology 38 (1997), pp. 109, 113-114.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2013-05-27. Посетено на 2019-05-25.