Квилјаколјо

(Пренасочено од Квилаколо)

Квилјаколјо или Квилаколо (кечуански: Killaqullu, шпански: Quillacollo) е град во Боливија. Квилјаколјо е главен град на покраината Квилјаколјо во департманот Кочабамба. Општината Квилјаколјо била основана на 14 септември 1905 година.[1]

Квилјаколјо
Quillacollo
Главна улица во Квилјаколјо.
Главна улица во Квилјаколјо.
Квилјаколјо is located in Боливија
Квилјаколјо
Квилјаколјо
Местоположба во Боливија.
Координати: 17°24′S 66°17′W / 17.400° ЈГШ; 66.283° ЗГД / -17.400; -66.283
Држава Боливија
ДепартманКочабамба
ПокраинаКбилјаколјо
ОпштинаКвилјаколјо
КантонКвилјаколјо
Инкорпориран14 септември 1905
Управа
 • ГрадоначалникКарла Лорена Пинто
Надм. вис.&100000000000024250000002.425 м
Население (2001)
 • Вкупно74.980

Население

уреди

Градот Квилјаколјо се наоѓа на 13 километри западно од Кочабамба. Населението на градот, според пописот од 2001 година, било 74.980 жители.[2] Националниот институт за статистика за 2010 година проценил дека градот многу брзо се развива и достигнал бројка на население од 142.724 жители.[1] Ова го прави градот втор најбро растечки во Боливија, по Ел Алто.

Култура

уреди

Квилјаколјо има архитектонска мешавина од колонијалниот и пост-колонијалниот период. Современата аргитектура ги следи модерните архитектонски трендови. Градот има исто така и богата кујна. Низ градот се распоредени поголем број ресторани. Главни стопански гранки во градот се тргивијата и туризмот.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Camacho G., Zulma (2011-12-16). „Lo que queda de Quillacollo tras crisis de 7 años“. Opinión. Посетено на 2011-12-16.
  2. World-Gazetteer[мртва врска]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

17°24′S 66°17′W / 17.400° ЈГШ; 66.283° ЗГД / -17.400; -66.283