Квадратура (астрономија)

поим во астрономијата

Квадратура — поставеноста на едно небесно тело каде нејзиното издолжување е нормално на насоката на Сонцето. Особено се применува за положбат ана горнна планета или Месечината во првата или последната четвртина на мените.

Источната и западната квадратура на една горнна планета како Марс

Телото може да биде во западна квадратура (кога е западно од Сонцето гледајќи од Земјата) или во источна квадратура (кога е источно од Сонцето гледајќи од Земјата).[1] Долна планета никогаш не може да биде во квадратура со односната планета.

Во квадратура, сенката што ја фрла една планета врз нејзините планетарни прстени делува најзастранета од планетата (на пр. Сатурновите прстени); темната страна на пленетата (на пр. Марс) е максимално видлива.

Бидејќи Сонцето не е бесконечно оддалечено, Месечината е малку по првата четвртина на мените кога Сонцето и Месечината се меѓусебно нормални.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Квадратура планеты // Большая советская энциклопедия : в 66 т. (65 т. и 1 доп.) / гл. ред. О. Ю. Шмидт. — М. : Советская энциклопедия, 1926—1947.

Извори

уреди
  •   Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостAnonymous (1911). „Quadrature“ . Во Chisholm, Hugh (уред.). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.CS1-одржување: ref=harv (link)