Каубојски шешир
Каубојски шешир — вид шешир типичен за каубојците во САД, Канада и Мексико. Најчесто е кожен, сламен или од филц, со широк обод подигнат од двете страни. Современиот каубојски шешир бил измислен во 1860-тите. Сè уште е популарен во западните провинции на Канада, југозападните држави на САД и во северниот дел на Мексико. Го носат и кантри-пејачи.
Историја
уредиШеширите со широк обод со голема круна, кои ги носат јавачите, се појавуваат уште во XIII век. Ги откриле монголски коњаници.[1] Поради сончевата и топла клима, создадени се шешири со широк обод, како сомбрерото во Мексико.
Не е познато кога каубојскиот шешир почнал да се нарекува така. Западњаците немале стандарден шешир. Луѓето што се движеле на запад носеле многу стилови на шешири.[2][1] Спротивно на популарното верување, каубојскиот шешир првично не бил најпопуларниот шешир на Дивиот Запад.[3] Каубојците носеле шешири со висока круна и широк обод, кои ги усвоиле од Мексиканците. Овие шешири го вдахнале создавањето на каубојскиот шешир, иако потекнуваат од Северно Мексико, а не од Соединетите Американски Држави.[4]
Првите каубојски шешири биле произведени во САД во 1860-тите, и имале тркалезна круна. Овие шешири биле водоотпорни, со природна боја и имале круна и обод од околу 10 сантиметри.[5] Имале лента за да може оној што го носи шеширот да го прилагоди на главата.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Bender 1994
- ↑ Carlson 1998
- ↑ The Hat That Won the West, retrieved 2010-02-10
- ↑ Sobey, Edwin J.C. Young Inventors at Work!
- ↑ Snyder 1997, стр. 51
Надворешни врски
уреди- Каубојски шешир на Ризницата ?