Боишка Река
река во Македонија
(Пренасочено од Катунишка Река)
Боишка Река или Катунишка Река — река во Пелагонискиот Регион и притока на Црна Река.
Боишка Река | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Црна Река |
Должина | 15 км |
Особености на сливот | |
Течение | Црна Река→ Вардар→ Егејско Море |
Течение
уредиРеката извира во северниот дел на планината Бигла, на надморска височина од 1.430 м. По течението на реката, таа собира неколку притоки главно од левата страна, меѓу кои најзначајни се Пакатска, Церовска и Вировска Река. Од десната страна најзначајна притока е Мреношка Река. Во горниот тек е позната под името „Катунишка Река“. Се влева во Црна Река од нејзината десна страна.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 13. ISBN 978-9989-2117-6-8.